ЗДЕЛКА ВРЕДНА 6 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ: Која земја купува 60 нови ербаси
Објавено во: Свет 03 Ноември, 2018
Виетнамската авиокомпанија „Виетџет” нарачала 50 авиони „Ербас А321“, додека за потпишувањето на договорот францускиот премиер Едуар Филип присуствувал во Ханој.
Вкупната вредност на овој и другите потпишани договори е близу 10 милијарди евра, од кои 5,7 милијарди евра за европскиот производител на авиони Ербас, соопшти француското претседателство.
Виетнам потпишал прелиминарен договор со ,,Ербас” во Фарнбор, Велика Британија, а денес се финализирала нарачката ,,Виетџет” за 50 средни линии за средна линија. „Виетџет” е нискобуџетна компанија која за неколку години стана водечка на виетнамскиот пазар.
Во знак на поттикнување на трговската размена со Виетнам и сеќавањето за војната во Индокина, францускиот премиер Едуар Филип е во тридневна посета на Виетнам. Другиот голем договор кој се потпишува денес, исто така се однесува на авионската индустрија, а станува збор за француската компанија ,,Сафран”.
Станува збор за меморандумот CFM - заедничка компанија со американскиот "Џенерал електрик", за испорака на околу стотина мотори за авионите "Боинг 737 Макс", што исто така енарачка од компанијата „Виетџет”.
Вкупната вредност на договорот изнесува 4,4 милијарди евра. Меморандумот е потпишан и од француската електродистрибуција ЕДФ за изградба на електроцентрала која ќе се снабдува со природен гас. ЕДФ предвидува да инвестира 438 милиони евра во овој проект, проценета на 1,32 милијарди евра.