20 Мај, 2024
0.0253

Земјоделците од Тиквешијата сакаат финансиска поддршка

Објавено во: Агробизнис 17 Мај, 2014

Добивај вести на Viber

Земјоделците од Кавадарци и Росоман пројавуваат голема заинтересираност за користење средства од програмата за финаниска поддршка на руралниот развој за 2014 година. Ова го покажуваат податоците на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството од Кавадарци, информира Лазе Стамаџиев, од работната единица. - Земјоделците се особено заинтересирани за користење на финансиска помош за подигнатите нови лозови или овошни насади од почетокот на оваа година до крајот на април месец. Доколку е се во ред со нивната документација, тие можат да добијат назад 50 проценти од вложените средства за инвестирањето во лозовиот или овошен насад. Во моментов трае нивното пријавување, а крајниот рок е до 30 јуни, објаснува Стамаџиев. Тој нагласува дека средства од оваа програма можат да користат и земјоделците кои планираат да подигнат нови лозови или овошни насади, а кои треба навремено да се пријават во работната единица на Агенцијата и подрачната единица на Министерството за земјоделство во Кавадарци.

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?