20 Мај, 2024
0.0259

ЗЕМЈОДЕЛСТВО: Се намалуваат трошоците, се зголемуваат цените

Објавено во: Агробизнис 15 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Трошоците за земјоделско производство во март се намалиле за 3,3% во споредба со март 2013 година, утврди Државниот завод за статистика. За сметка на тоа, цените на земјоделските производи се зголемиле за 6,3%. Според статистичките податоци, намалување од 3,3% има кај тековно потрошените средства во земјоделството, додека средствата наменети за инвестиции во земјоделството останале на речиси исто ниво, односно се намалиле само за 0,4%. Пониските трошоци се должат пред се на намалените цени на енергијата, горивата и мазивата за 4,4% и добиточната храна за 6,2%. Цените на земјоделските производи во март се зголемиле најмногу кај растителното производство за 8,2%, додека кај добиточното производство само за 0,8% на годишно ниво. Најзабележителен е скокот на цената на зеленчукот за 15,1% и индустрисите растенија за 4%.  

Можеби ќе ве интересира

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?

ПОЧНА СОБИРАЊЕТО И ОТКУПОТ НА ПЕЧУРКИ: Дали е на повидок успешна сезона?