26 Април, 2024
0.0847

Зошто менаџерите на „Макошпед“ работат со загуба,а купуваат акции во „Фершпед“?

Објавено во: Економија 23 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

„Макошпед“ за 4 месеци купи 1.158 акции во „Фершпед“ и за тоа плати над еден милион евра! И тоа во услови кога компанијата има загуба од оперативното работење и пад на приходите од продажба за 20 отсто! Што прави новиот менаџмент на „Макошпед“?

Скопската шпедиција „Макошпед“, која во последно време е актуелна како најголем поединечен акционер во „Фершпед“, за првите девет месеци има приходи од продажба во износ од 43,2 милиони денари одоносно околу 700.000 евра. Во споредба со лани „Макошпед“ изгубил 20 отсто од своето пазарно учество кога неговите приходи од продажба биле поголеми за 11 милиони денари. Многу важно е да се истакне дека „Макошпед“ за првите девет месеци има загуба од оперативно работење во износ од 7 милиони денари! Ова покажува дека „Макошпед“ годинава има сериозни проблеми во дејноста. Само благодарејќи на позитивниот сооднос меѓу финансиски приходи и финансиски расходи компанијата ја ублажила загубата до ниво од 2,35 милиони денари до крајот на септември годинава.

Наспроти ова, актуелниот менаџмент на „Макошпед“ избран во втората половина на мај годинава во период од средината на јуни до средината на октомври вложи над 1 милион евра во акции на „Фершпед“Од каде се парите кои „Макошпед“ ги вложи во акции на „Фершпед“ – компанија што три години наназад не поделила ниту денар дивиденда!!!?

Освен ова „Макошпед“ во овој период купи и сопствени акции и за тоа плати со компаниски пари.

Дали вложувањето во сопствени и во акции во „Фершпед“ е приоритет и зошто е , во период кога компанијата губи пазарно учество?

„Фактор.мк“ во интерес на малите акционери во „Макошпед“ и на целата инвеститорска јавност речиси половина година чека одговори од  членовите на Одборот на директори на „Макошпед“: Марија Каранфиловиќ, генерален директор, Лидија Трајковиќ, претседател на Одборот на директори и членовите Коста Младеноски, Никола Лазаров и Јасмина Цветановска. Еве ги уште еднаш пред јавноста поставените прашања:


- Кој е врвниот приоритет од кој се водите при одлуките со пари на компанијата „Макошпед“ да купувате акции во „Фершпед“ и тоа во услови кои приходите од продажба и добивката не оставаат комотна позиција расположливите средства да ги вложувате во акции на компанија која три години не поделила ниту дивиденда?

- Дали имате одобрение од акционерите на компанијата да вложувате пари на „Макошпед“ во акции на „Фершпед“?

-Дали „Макошпед“ може да го издржи трошењето средства во толкави износи со кои купивте сопствени акции и акции во „Фершпед“ и дали ќе продолжите да купувате акции во „Фершпед“ и ако продолжи кој е стратешкиот интерес за тоа?

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти