10 Мај, 2024
0.0258

25 ноември: Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените

Објавено во: Свет 25 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

25 ноември е Меѓународен ден за елиминација на насилството врз жените. За првпат тој ден беше обележан во 1999 година со резолуција на ОН. Според статистичките податоци секоја втора жена во светот е жртва на насилство од страна на својот партнер, а секоја петта е подложна или или трпи закана од сексуално насилство. Жените од целиот свет се предмет на насилство, а големината и вистинската природа на овој проблем често се скриени.
Неодамна, американските научници открија дека жените кои се физички или психички малтретирани од страна на нивниот сопруг или партнер имаат поголеми шанси да страдаат од здравствени проблеми.

Резултатите од студијата на специјалисти од државниот универзитет во Охајо се објавени во Архивата за интерна медицина.

До сега, голем дел од здравствените проблеми регистрирани кај жените жртви на насилство не се директно поврзани со насилството. Такви се болките во градниот кош, во пределот на стомакот, главоболка, гастроезафагиален рефлукс, инфекции на уринарниот тракт и менструални нарушувања.

Резултатите се базираат на студија спроведена кај 3.568 жени. Волонтерите беа подложени на медицински преглед и одговорија на прашања поврзани со нивното физичко и психичко малтретирање. Експертите открија дека семејното насилство предизвикува трајна штета на здравјето, менталната и емоционалната положба на жените.

Според авторите, голем дел од емоционално лабилните жени и оние во депресија се жртви на вознемирување од страна на нивниот партнер.

Покрај жените, семејното насилство влијае и врз децата, дури и кога тие не се директно засегнати. Скандалите меѓу родителите, избувнувањето на агресија и насилство се рефлектираат врз емоционалниот и психичкиот развој на децата, оставајќи трајни негативни последици. Научниците откриле дека голем процент на деца кои биле жртви или сведоци на семејно насилство несвесно го копираат моделот на однесување на нивните родители и за возврат стануваат агресори.

Повеќе за темата прочитајте на Женски магазин, овде.

Можеби ќе ве интересира

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

ДРАМАТИЧНА ИНФЛАЦИЈА ВО АРГЕНТИНА: Луѓето носат торби полни со готовина за да ги извршуваат вообичаените трансакции

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија