11 Мај, 2024
0.0233

Бебето на Вилијам и Кејт – новата „цуцла“ на британската монархија

Објавено во: Стил 03 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

Раѓањето на девојчето, второто дете на принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон, беше поздравено како нов брилијантен доказ за обновувањето на династијата. Среќниот настан сепак е само нова цуцла: британската монархија, која е во зенитот на својата популарност, фактички е првенствено геронтокрација, пишува "Франс прес". Всушност во кралското семејство коегзистираат веќе четири генерации. На врвот на царството е 89-годишната Елизабета II, која е "воодушевена" од фактот дека станала прабаба за петти пат, но нема намера да абдицира во полза на постариот син велшкиот принцот Чарлс. Тој пак активно се подготвува за својата професија на кралот на 66 година - возраст на која луѓето обично сонуваат да се повлечат. На втората позиција во редот на наследување на тронот е Вилијам, кој ужива голема популарност по бракот со Кејт Мидлтон, која не е од благородно потекло. Нивната венчавка во 2011 година, која беше забележана на телевизија од целиот свет, изгледаше како магична бајка. На третата позиција е Џорџ - првото дете на модерната двојка - роден во јули 2013 година, сега на свет во саботата дојде девојче кое е рангирао на четвртото место, разместувајќи го злобниот принц Хари, братот на Вилијам. Раѓањето на малата принцеза се очекува да биде поздравена со топовски грмежи во Лондон и честитки од целиот свет. Многу веројатно е тоа бебе да царува еден ден, но оваа можност не може да биде целосно исклучена, вели историчарот Роберт Джобсон. Без разлика каква ќе биде судбината нејзината мала принцеза директно упадна во милениумската историја на династијата. Таа е првата која ќе може да се искористи од модернизацијата, овозможувајќи понатаму уредување на наследниците во редот на раѓањето, без да се дава приоритет на момчињата, потсетува експертот од Лондонскиот универзитетски колеџ Боб Морис. Ако Велшкиот принцот пак дојде до поодминати години, тогаш Вилијам веќе ќе биде доста возрасен кога ќе го наследи, додава Морис. Постои опасност во иднина земјата да e осудена на монарси во трета возраст. Овој заклучок треба да биде референциран кон постојано повторуваната порака од неверојатната машина за односи со јавноста на Бакингемската палата, превознесување на добрите страни на долговечноста на Елизабета II Кралицата по  лудориите на младите принцови во 80-тите години и величествено го слави својот дијамантски јубилеј (60 г.) кога во 2012 година на 9 септември таа го победи апсолутниот рекорд на долговечноста на тронот, со кој се кичеше досега нејзината прапрабаба кралицата-царицата Викторија. Некои би ја сметале мисијата за извршена. Но, таа се заколнала "да служи до живот". Уште повеќе дека  сили  за бирање на националисти и шкотските приврзаници на независноста, кои се закануваат за интегритетот на Обединетото Кралство, "ја поттикнуваат да остане", смета Морис. "Затоа абдикацијата е малку веројатна", додава тој, изразувајќи широко споделување мислење од сите експерти за прашањата на династијата. По неа ситуацијата може да се промени, забележува сепак Джобсон. Нејзините наследници би можеле да земат за пример преседани како повлекувањето на папата Бенедикт XVI, холандската кралица Беатрикс, кралот на Белгија Албер II или пак на Шпанија Хуан Карлос. Кралицата сепак продолжува неуморно да го исплнува официјалното време и тоа на својот сопруг, 93-годишниот принцот Филип. Таа ќе ја посети во јуни Германија и планира да присуствува на самитот на Комонвелтот во Малта во ноември, но генерално оланира крај на патувањето до другиот крај на светот, како Австралија. Тоа ги тера некои медиуми да пишуваат за постепена транзиција или за фактичко регентство. Еден закон од 1937 година предвидува таа позиција во случај на "ментална или физичка неспособност на монархот", потсетува Джобсон идодаде: Но прашањето не е на дневен ред. Чарлс добива медали, изговара говори, но тоа не го прави монарх, вели Морис. Тој може да и помага, но не може да ја замени. Внуците на Нејзиното Височество Вилијам и Хари исто така помагаат во помала мера, па монархијата се чини подмладена и колективна.