Бегалците во светот веќе можат да учат бесплатно онлајн
Објавено во: Свет 21 Јуни, 2016
Американската влада и Coursera нудат нови можности за учење.
„Coursera for Refugees" ќе работи на следниов начин: невладини групи од секоја земја, кои им помагаат на бегалците, како и самите бегалци, можат да аплицираат за слободен пристап до каталогот на курсеви на Coursera. Тоа значи дека тие ќе бидат достапни за сите, без да мора да плаќаат за добивање на професионални сертификати. Во моментов платформата нуди предавања на различни теми - од моден дизајн до наука.
Бегалската криза во целиот свет зема замав, а вработувањето е причина за загриженост. Новата програма има за цел да им помогне на бегалците, да стекнат важни вештини кои ќе им помогнат во глобалната економија.
Оние кои сакаат да продолжат да се развиваат во својата сфера, можат да се потпрат на онлајн предавања, за да се во чекор со новите стандарди, политики и практики.
Студија од 2015 година покажа дека 72% од луѓето кои поминале вакви курсеви, имаат бенефиции понатаму во кариерата.