Белгија не ги сака Авганистанците, ги враќа назад
Објавено во: Свет 20 Јуни, 2016
Белгија презема чекори за враќање на барателите на азил од Авганистан, соопшти државниот секретар за азил и миграција Тео Франкен, цитиран од агенциите.
Авганистанците имаат две можности, да се вратат во татковината доброволно и да добијат материјална помош, или да бидат протерани. Ако прифатат да бидат вратени, тие ќе бидат однесени до Кабул, Херат или Џелалабад. Таму тие ќе имаат обезбедено привремено засолниште, како и можност за професионална обука. Белгија ќе им даде по 2.200 евра еднократно, за да набават материјали за работа и да започнат мал бизнис.
Во последната седмица 4500 Авганистанци во Белгија добиле писмено предлог да се вратат доброволно во татковината. Над половина или 56% од Авганистанците пристигнале во Белгија, ноне добиле меѓународна заштита, забележуваат медиумите. Минатиот месец шестмина државјани на Авганистан се протерани од Белгија, а вкупно 13 за целата 2015 година.
Неодамна Белгија почна кампања за враќање на Ирачаните, кандидати за азил, како и за дестимулирање на оние кои уште се во Ирак, но мислат да патуваат до ЕУ. Досега 683 Ирачани прифатиле доброволно да ја напуштат Белгија и да се вратат дома.