25 Јануари, 2025
0.0296

БИЗНИС ФАЦИ 2015 Сеад Кочан: Градежник со амбиција за влез во медиумскиот бизнис!

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2016

Добивај вести на Viber

Сеад Кочан еден од сопствениците на градежната компанија „Трансмет“, е еуште една од бизнис личностите за 2015 година. Компанијата ја основал неговиот татко, Исмет Кочан во 1992 година. Сега, управувачката структура ја имаат тројцата синови на основачот, но како генерален директор, се јавува Сеад Кочан, кој што е и најистакнат во јавноста. 297FAE257D06E344A6F437A150F464FBКочан вели дека “клучот за успехот“ е во упорноста, чесноста и посветеноста на работата. Нема друга формула, една компанија која во 2004 година броела 30-тина вработени, сега да обезбедува плата и работа за повеќе од 400 постојано вработени. „Трансмет“ изминативе години книжи добивки. Нето-добивката за 2014 е зголемена за 60% во однос на 2013 година. А, во исчекување на конечните финасиски показатели за минатата година – сепак може да се заклучи дека добро ја пребродува кризата. Преку оваа компанија бизнисменот Сеад Кочан учествува во изградбата на втората делница од автопатот Кичево-Охрид, што државата го гради со кинески кредит преку кинеската корпорација Синохидро. Тоа е еден од поголемите проекти во кој компанијата е вклучена, работа има и на повеќе други инфраструктурни проекти со неколку скопски општини. Освен во градежниот сектор, комапнијата е позната и во енергетскиот сектор. Односно, поседува специјализирана механизација за површински копови на рудници, со што има соработка и со РЕК Битола во делот за ископ на јеловина и јаглен. Во дел од јавноста се смета дека успехот во голема мерка се должи и на блиските релации со власта, особено во последните години. Кочан во своите јавни настапи досега и како бизнисмен и како дел од комората многу често пофално се изјаснуваше за владините економски политики. Колку и дали неговиот бизнис се темели на врските со власта? Во едно интервју одговарајќи на ваквите прозивки вели дека дека квалитетот, брзината на изведувањето на работите,  почитувањето на роковите и комплетната понуда се адути кои ја сочинуваат нивната клучна конкурентска предност. Додавајќи дека постојано го прошируваат и унапредуваат асортиманот на услуги, со цел, да се задоволат постојните бизнис партери и клиенти, и да се привлечат нови, што веќе се гледа дека резултира со значаен успех. 2015 година беше динамична, очекувам и оваа година да продолжиме со исто темпо За годината што измина Кочан вели дека била добра година, но дека и одговорноста да се биде на висина на задачата била и е уште поголем предизвик. Како човек кој доаѓа од бизнис секторот, ако треба со еден збор да ја оценам годината што измина – тогаш слободно можам да кажам дека 2015 година за мене, со оглед на бизнис активностите што ги имав преку компаниите што ги поседувам беше „динамична“. Тука, особено би потенцирал дека, изминатата година беше исполнета со голем број на активности, со оглед на тоа дека компанијата „Трансмет“ беше вклучена во повеќе значајни проекти. transmet Но, она што секако е значајно е и одговорноста, работните обврски кои се превземени да се движат во добра насока.  А за работите да се движат во планираната насока потребно е комплетно вложување на целиот тим“, вели Кочан за Фактор. За оваа година, Кочан очекува дека ќе продолжат да се докажуваат така како што тоа е сторено минатата година, „Оваа година очекувам да прдолжиме со исто темпо, како и претходната.  Тоа се однесува и во делот на реализација на веќе започнатите проекти, но и во обезбедување на нова работа за компаниите што ги поседувам“, вели Кочан. Интензивирањето на изгрдбата на „Емпорио“ еден од поголемите успеси за минатата година „Трансмет“ е и една од ретките компании што работи на проект кој се финансира со јавно-приватно партнерство. Тоа е проектот „Емпорио“, кој Кочан го потенцира како еден од позначајните за минатата година. emporio-6„Еден од поголемите успеси во изминатата година ми е интензивирање на изградбата на бизнис центарот „Емпорио“, вели Кочан. Објаснува дека овој објект се гради со јавно приватно партнерство со општината Ѓорче Петров, а  во склоп на „Емпорио“ ќе биде и новата зграда на општината, која ќе биде модерна и енергетски ефикасна. „Тоа  ќе биде современ трговски и бизнис центар, со кој е планирано да се задоволат потребите и на општината и на компаниите кои ќе бидат дел од овј трговски центар“, вели Кочан Но, бизнис апетитите не застануваат тука. На крајот на минатата година Кочан  влезе и во медиумскиот бизнис. Наскоро, со работа треба да стартува и неговата телевизија позната под името „Телевизија Нова“. Тимот се екипира, а наскоро ќе почне да емитува програма.  На прашањето  зошто се одлучил да влезе и во овој бизнис, Кочан посочува дека успехот  не треба да биде ограничен само на едно поле, туку добрите бизнисмени треба да имаат сенс за бизнис во повеќе области.   „Одговорот на ова прашање е едноставен. Лично сметам дека секој бизнисмен е успешен доколку успее да се дисперзира во повеќе области. Токму затоа се одлучив на ваков чекор и сметам дека предизвик е да влезете во нов проект и да се стремите тој проект да биде успешен“, вели Кочан. Општествена одговорност А она што според Кочан е од особена важност е потребата секој бизнисмен, секоја компанија да има и чувство за општествена одговорност. Покрај грижата за вработените, и донации во хуманитарни цели, Трансмет особено вннимание посветува на заштита на животната средина. SeadKochan „Македонскиот Совет за Зелена Градба е основан во 2014 година на иницијатива на компанијата ТРАНСМЕТ со клучна улога да се подигне свеста на јавноста со крајна цел намалување на загадувањето на животната средина предизвикано од градежниот сектор. Преку соработката со приватниот и јавниот и граѓанскиот сектор делуваме на подигнување на свеста на национално ниво на јавноста со промовирање на праксата и технологијата на зелена градба, развој и водење на програми за едукација од областа преку кои знаењето и информациите за одржлива градба би биле достапни за сите“, е наведено во документот на Трансмет насловен како Политики на општествена одговорност. Инаку, Сеад Кочан е и потпретседател на Сојузот на стопански комори на Македонија. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ БОИНГ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ТОНЕ - загубите во четвртиот квартал од минатата година достигнаа 4 милијарди долари

ПРОБЛЕМАТИЧНИОТ БОИНГ НЕ ПРЕСТАНУВА ДА ТОНЕ - загубите во четвртиот квартал од минатата година достигнаа 4 милијарди долари

СЕ НАМАЛИ ПРОМЕТОТ: Хрватите успеаја со бојкотот да пратат порака дека цените се високи

СЕ НАМАЛИ ПРОМЕТОТ: Хрватите успеаја со бојкотот да пратат порака дека цените се високи

ТЕСЛА ЈА ТУЖИ ЕУ - тарифите за електричните возила произведени во Кина се спорни

ТЕСЛА ЈА ТУЖИ ЕУ - тарифите за електричните возила произведени во Кина се спорни

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

Средба на министерката Божиновска и градоначалникот Атанасовски: Заеднички приоритети за енергетска одржливост и локален развој

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

БИТКОИНОТ ЌЕ СТИГНЕ 700.000 ДОЛАРИ: Шефот на познатиот Блек Рок предвидува неверојатен скок на криптовалутата

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

Мицкоски потврди, со унгарскиот кредит ќе може да се градат трговски центри и фотоцентрали за продажба на струја

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

ТАВ Аеродроми: easyJet отвора нова директна авиолинија Скопје – Париз до аеродромот Орли од 2 април

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

НАЈГОЛЕМА ЗАКАНА ГОДИНАВА МОЖЕ ДА БИДЕ ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Главниот извршен директор на Стопанска комора Антони Пешев, во Бизнис муабети на Фактор

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност

Божиновска – Колумбија: Соларни паркови и ветерници за енергетска стабилност