21 Ноември, 2025
0.0603

Буџетските приходи би се оствариле само ако порастот на цените не стивне

Објавено во: Финансии 29 Ноември, 2022 12:48

Добивај вести на Viber

Проектираната стапка на раст на БДП е оптимистичка и со значајни изгледи да биде пониска, а стапка на инфлацијата е под голема неизвесност и може да забалежи значајни отстапувања во двете насоки (пониска или повисока). Буџетските приходи, и особено даночните приходи, се проектирани на високо ниво, и тие би се оствариле само доколку порастот на цените не стивне, што би било неповолен исход за животниот стандард на граѓаните. Ова го истакнуваат аналитичарите на „Фајнанс тинк“ во нивниот коментар за Предлог Буџетот за 2023 година.

-Предлог Буџетот не дава јасна слика за финалните контури на предложената даночна реформа, и претставува сериозно потфрлање во делот на фискалната транспарентност. Предвидува пораст на буџетските расходи за 12,6 отсто, што е неразумно високо, ако се има предвид ризикот од остварување на приходите и намерата за фискална консолидација. Сепак, намерата за фискална консолидација е појасно видлива во сегментите на плати за јавната администрација и расходите  за стоки и услуги, кои се проектирани со раст од 7,9 отсто и 5 проценти, соодветно, понизок од растот на вкупните расходи, но сепак се` уште значајно висок. Последново е особено важно поради нагласениот ризик буџетските трошења да влијаат проинфлаторно во услови на се` уште висок раст на цените генериран од надворешни фактори – се истакнува во нивниот коментар.

Според аналитичарите на Институот за економски истражувања и политики загрижува предвидениот раст на ставката други трансфери, од 11,5 отсто, имајќи предвид дека освен трансферите до единиците на локалната самоуправа, оваа ставка вклучува субвенции и други трансфери чија целисходност, ефикасност и ефективност останува „црна кутија“.

-  И покрај апелите на домашната и меѓународната експертска јавност за рационализација на овие трошења и нивно врзување со конкретни исходи/резултати, поголем исчекор се` уште не е направен и оваа ставка содржи доминантен елемент на непродуктивен и несуштински расход. Во услови на заострување на условите на финансиските пазари, и на домашиот и на меѓународниот, расходите за каматни плаќања се проектирани со раст од 26,4 проценти, и притисок којшто ќе се зголемува – се додава во нивниот коментар.


Укажуваат дека високи капитални инвестиции  е очекуван потег и шема на дизајнирање на Буџетот, но според нив ќе се реализираат околу половина, односно 400 милиони евра. Finance Think проценува дека буџетскиот дефицит или ќе биде надминат, или во текот на 2023 ќе се изврши значајно кратење на капиталните расходи. 

Можеби ќе ве интересира

ЕКСПЕРТИ: Судиите и обвинителите и сега имаат добри плати, тоа не е причината за довербата од два проценти

ЕКСПЕРТИ: Судиите и обвинителите и сега имаат добри плати, тоа не е причината за довербата од два проценти

„ДДВ ЌЕ ПЛАЌА ШПЕДИТЕР ИЛИ ПОШТЕНСКИ ОПЕРАТОР“: МФ со појаснување по измените на Законот за данок на додадена вредност

„ДДВ ЌЕ ПЛАЌА ШПЕДИТЕР ИЛИ ПОШТЕНСКИ ОПЕРАТОР“: МФ со појаснување по измените на Законот за данок на додадена вредност

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЈАЗОТ МЕЃУ БОГАТИТЕ И СИРОМАШНИТЕ: Парите на милијардерите растат

СЕ ЗГОЛЕМУВА ЈАЗОТ МЕЃУ БОГАТИТЕ И СИРОМАШНИТЕ: Парите на милијардерите растат

Во воз само со пасош? Од јануари стапуваат нови правила во оваа земја

Во воз само со пасош? Од јануари стапуваат нови правила во оваа земја

„Не е вистинска, а заработува милиони“: Запознајте ја Ла ду Магалу, најплатената виртуелна инфлуенсерка во светот

„Не е вистинска, а заработува милиони“: Запознајте ја Ла ду Магалу, најплатената виртуелна инфлуенсерка во светот

ДРЖАВЈАНИН НА СРБИЈА САКАЛ ДА ИЗНЕСЕ НАД 90 ИЛЈАДИ ЕВРА - Цариниците му заплениле голем дел од сумата

ДРЖАВЈАНИН НА СРБИЈА САКАЛ ДА ИЗНЕСЕ НАД 90 ИЛЈАДИ ЕВРА - Цариниците му заплениле голем дел од сумата

ВЛАДАТА ДАВА ВАУЧЕРИ ЗА СТУДЕНТИТЕ, ТИЕ ГИ ПРОДАВААТ И ПЕЧАЛАТ ОД НИВ: Масовно се нуди државната помош на социјалните мрежи

ВЛАДАТА ДАВА ВАУЧЕРИ ЗА СТУДЕНТИТЕ, ТИЕ ГИ ПРОДАВААТ И ПЕЧАЛАТ ОД НИВ: Масовно се нуди државната помош на социјалните мрежи

Глобалните берзански индекси паѓаат поради нестабилноста на технолошките акции

Глобалните берзански индекси паѓаат поради нестабилноста на технолошките акции

Како да се намалат сметките за струја? Експерти откриваат кои уреди „горат“ најмногу енергија и каде се прават најчестите грешки

Како да се намалат сметките за струја? Експерти откриваат кои уреди „горат“ најмногу енергија и каде се прават најчестите грешки