02 Мај, 2024
0.0247

ЦЕЛОСНО ЕМБАРГО: Косово од полноќ го забрани увозот на сите стоки од Македонија!!!

Објавено во: Економија 09 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Од полноќ започна целосната забрана за увоз на сите стоки од Македонија  на Косово. Косовските медиуми, кои ноќта ја минале на граничниот премин јавуват дека два камиони кои носеле цевки произведени во Гевгелија биле првите кои се соочија со целосното ембарго што земјата го воведе за Македонија. Според пишувањата на косовските медиуми, камионите пристигнале, само неколку минути по стапувањето на сила на целосната забрана поради што биле принудени да се вратат назад во Македонија. Сепак, се уште е неизвесно дали со новата мерка за целосна блокада, Косово ќе го блокира и влезот на нафта и нафтени деривати, што го прави Окта, и како тоа ќе се одрази врз косовскиот пазар. По оваа нова мерка на косовската влада за целосна блокада, според сознанијата на Фактор, сега македонската влада се заканува со нов потег. До кога ќе трае оваа трговска војна, која од ден во ден зема се поголем замав не се знае, со оглед дека веќе е незивесно и дали македонска делегација ќе оди на преговори во Косово. Решение на проблемот не најдоа ниту двајцата премиери кои вчера телефонски развовараа. Никола Груевски и Хашим Тачи, во телефонскиот разговор не успејаа да најдат заедничко решение за стабилизирање на односите на двете држави. Косово тврди дека мерката за ограничен увоз на одредени производи, кон Македонија ја воведе поради условениот увоз на брашно што Македонија го воведе.Македонските власти пак велат дека тоа не може да биде причина бидејќи мерката за условениот увоз на брашно не е воведена кон Косово, туку е мерка која се однесува кон сите земји на ЦЕФТА и е во согласоност со правилата на ЦЕФТА. А Косово воведува еднострана мерка која се донесува само за Македонија. Откако Косово не се согласи да ја повлече мерката за забранет увоз на одредени производи, македонските власти воведоа мерка со која почнаа да наплаќаат патни такси за влез на коосвските државјани во земјава, на што Косово возврати со целосно спуштање на рампите за сите производи што доаѓаат од Македонија на косовска територија. Македонските власти пак сега подготвуваат нова –контрамерка.  

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?