Жена кандидат ќе се соочи со Путин на избори?
Објавено во: Свет 01 Септември, 2017
Во игра се неколку кандидатки од кои една на избори ќе си ги одмери силите со актуелниот претседател, Владимир Путин.
Се рагледуваат пет до седум кандидатки, а се шпекулира со имињата на Наталија Великаја од Социјалдемократскиот сојуз на жените, потоа лидерката на Националниот родителски комитет Ирина Волинец и Ирина Петелјаева, сите од партијата „Праведна Русија“.
Се смета дека непартиска личност е идеален кандидат. Се споменува и името на популарната радио и телевизиска водителка Ксенија Собчак, која „демонстрира одраз на модерна млада жена со желба да се впушти во политика“.
Кремљ бара достоен противник на Путин за претстојните претседателски избори во Русија.
Претседателските избори во Русија треба да се одржат во март 2018 година.