04 Јули, 2024
0.0295

Голема директорска чистка во ЕЛЕМ !

Објавено во: Економија 04 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Од директорските фотелји во ЕЛЕМ си заминуваат Димитар Танурков, Јасна Иванова Давидовиќ, Коста Папастеревски и Славица Бесова, сите секторски директори, луѓе кои важеа за блиски на поранешниот генерален директор Влатко Чингоски. ЕЛЕМ го стресе директорска чистка, дознава Фактор од извори меѓу енергетските компании. По налог на Владата, четворица секторски директори кои на позициите беа откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт сега се разрешени. Од директоските фотелји во ЕЛЕМ си заминуваат Димитар Танурков, директор за производство, Јасна Иванова Давидовиќ, директор за развој и инвестиции, Коста Папастеревски, комерцијален директор и Славица Бесова, финанскиски директор во ЕЛЕМ, луѓе кои важеа за блиски на поранешниот генерален директор Влатко Чингоски.
(Една година подоцна – судбината на екс директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски ги снајде и неговите најблиски соработници Јасна Иванова Давидовиќ и Димитар Танурков.)
 
Чистката ги фати и некогашните луѓе од доверба на Чингоски?! Oд ЕЛЕМ ја потврдија информацијата на Фактор, но јавно не сакаат да ја коментираат. Се повикаа само на нивната објавена одлука дека “на последната седница на Надзорниот одбор на АД Електрани на Македонија одржана на 31 јануари именувани се четири нови членови на Управниот одбор на АД ЕЛЕМ. За директор на секторот производство е назначен  Благоја Деспотоски дипломиран електро инженер кој доаѓа на местото на Танурков.  Со секторот за развој и инвестиции  ќе  раководи Александар Пауноски, магистер по електро-технички науки, кој доаѓа  на позицијата на Јасна Иванова Давидовиќ.  За нов член на Управниот одбор и директорка за комерцијални работи е Анита Стамнова, магистер по економски науки, која ќе го замени досегашниот директор  Коста Папастеревски.  Во  секторот за финансии, на местото на досегашната директорка Славица Бесова  е именувана Гордана Димитриеска - Кочоска, дипломиран економист“. Според неофицијалните информации до кои дојде Фактор на разрешените Танурков, Папастеревски, Давидовиќ и Бесова им било понудено да останат во ЕЛЕМ, но на други позиции. Најновите случувања во ЕЛЕМ не ги коментира ниту разрешениот Димитар Танурков. Фактор иако се обиде, не доби одговор од разрешените директори дали нивното заминување и вакуумот на примопредавање на функциите ќе одолговлечи некои од веќе започнатите активности во ЕЛЕМ. Директорската чистка во ЕЛЕМ не била инцидентна Очекувана – вака директорската чистка во ЕЛЕМ за Фактор ја објаснуваат владини извори. “Именувањето на нови членови на УО на ЕЛЕМ  беше прашање на време, беше очекувано, бидејќи Владата уште минатата година објави оглас за ангажирање на високи државни раководни функции“, кусо објаснија владини извори за Фактор. Од ЕЛЕМ јавно не коментираат што ова ќе значи за тековните и идните проекти на државната енергетска компанија. Нема коментар ниту дали одговорните позиции во вака големи и значајни државни компании навистина треба да се бараат и се производ на распишаниот оглас на Владата. (?!) По минатогодишниот „Бран на свежина“, во кој се разрешија околу 150 функционери на владејачката ВМРО–ДПМНЕ, последниот оглас на Владата, за експертите овде не станува збор за оглас за вработување! “Ваков “оглас за пројавување интерес“ како категорија не постои во Законот за работни односи, и со тоа, не обврзува Владата да одговори на пројавениот интерес од страна на кандидатите. Иако станува збор за легална иницијатива, која не повредува ниту еден Закон, ова е анкетирање, а не оглас преку кој Владата сака да ангажира нови кадри.Но, ако ова е првиот чекор кон потранспарентен избор на јавни функционери, тогаш следен чекор што треба да се превземе е да се смени Законот за јавни претпријатија и членовите на управните одбори и директорите да се бираат на јавен оглас, смета професор по административно право на еден од универзитетите во земјава. Екс градоначалникот на Кичево сега ќе директорува во ЕЛЕМ! Благоја Деспотоски Ташко, поренешниот градоначалник на Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, зад кој на последните локални избори застана и СДСМ е новиот директор за производство на Државните електрани. Во периодот од 1999-2002 година Деспотоски е беше генерален директор на РЕК Осломеј. Александар Пауноски пак, на директорската фотеља за развој и инвестиции во ЕЛЕМ доаѓа од позицијата раководител на секторот за стратешко планирање и анализи на системи во државната енергетска компанија МЕПСО.  Новата директорка за финасии во ЕЛЕМ, Гордана Димитриеска-Кочоска, доаѓа од раководна позиција во Стопанска банка. Името на новата директорка за комерцијални работи во ЕЛЕМ, Анита Стамнова коинцидира идентично со поранешната заменик – директорка на Државниот завод за статистика, Анита Стамнова. Но, кои се професионалните квалитети и досегашното искуство на новата директорска четворка во ЕЛЕМ допрва ќе треба да објават во Државните Електрани. К.П

Можеби ќе ве интересира

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

МАЛО МЕСТО НА ИСТРА: Квадрат чини скоро 5.000 евра

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

ЗЛАТОТО ГОДИНАВА ПОСКАПЕ ЗА 12 ОTСТО: Што е тоа што ја „билда“ цената?

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

БИЗНИС ДРУЖЕЊЕ СО ЧЛЕНКИТЕ - Стопанската комора на Северна Македонија организираше спектакуларен настан

Новиот министер за економија најавува зголемување на минималната плата

Новиот министер за економија најавува зголемување на минималната плата

ЕУ ПРЕСЕЧЕ - НА ШИШИЊАТА ОСТАНУВААТ ФИКСИРАНИ КАПАЧИЊА: За оваа новина имаше бурни реакции во јавноста

ЕУ ПРЕСЕЧЕ - НА ШИШИЊАТА ОСТАНУВААТ ФИКСИРАНИ КАПАЧИЊА: За оваа новина имаше бурни реакции во јавноста

СЕ ПРОДАВА ЕДЕН ОД СИМБОЛИТЕ НА НОВИ САД: Се споменува бројка од 177 милиони евра, а се чека само уште еден документ

СЕ ПРОДАВА ЕДЕН ОД СИМБОЛИТЕ НА НОВИ САД: Се споменува бројка од 177 милиони евра, а се чека само уште еден документ

Граѓани наплатија над 7 милиони евра од осигурување живот за пет месеци

Граѓани наплатија над 7 милиони евра од осигурување живот за пет месеци

ТУРСКИ ЈИЛДИРИМ КОЈ СТАНА ГАЗДА НА НАШ ФЕНИ, РАБОТИ И ВО ХРВАТСКА - еве во која компанија таму е мнозински сопственик

ТУРСКИ ЈИЛДИРИМ КОЈ СТАНА ГАЗДА НА НАШ ФЕНИ, РАБОТИ И ВО ХРВАТСКА - еве во која компанија таму е мнозински сопственик

„СТАНАВ МИЛИОНЕР БЕЗ А1, НО ОСТАНАВ БЕЗ МИЛИОНИТЕ ПОРАДИ А1, ЦРВЕНКОВСКИ НЕ МЕ ПРЕДАДЕ“ - емотивна исповед на Рамковски, во Бизнис муабети на Фактор

„СТАНАВ МИЛИОНЕР БЕЗ А1, НО ОСТАНАВ БЕЗ МИЛИОНИТЕ ПОРАДИ А1, ЦРВЕНКОВСКИ НЕ МЕ ПРЕДАДЕ“ - емотивна исповед на Рамковски, во Бизнис муабети на Фактор