01 Мај, 2024
0.0253

Досие Свед милк: Како помпезно најавената инвестиција се претвори во кражба на деценијата?

Објавено во: Економија 01 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Случајот “Свед милк” повторно излезе на виделина, но не за исплатата на доверителите, туку аферата влезе и во кампањата на локалните избори. Битолската општина Могила, позната по големиот број фармери кои имаат побарувања од пропадната “Свед милк”, стана главна тема во политичките препукувања. Премиерот и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, му се закани на независниот канидат за градоначалник на Могила Стево Пивковски, дека ќе ги извади на виделина сите валкани работи што ги правел Пивковски за време на работата и пропаѓањето на “Свед милк”. Пивковски пак излезе со изјава дека досега се што стекнал било со многу труд и на чесен начин. Тој на јавноста и е познат како еден од најгласните фармери во случајот “Свед милк”. Свед милк- гринфилд инвестиција вредна 18 милиони евра Шведската млекарница “Свед милк”, почна со работа  во 2007 година. Млекарницата беше опремена со најсовремена технологија, и со дневно производство на 120 тони млечни производи. Тогаш беше најавена како најголема млекарница која долгорочно ќе ги  реши проблемите во македонското млекопроизводство. На нејзиното свечено отворање присуствуваше целиот државен врв, премиерот Груевски ја пресече лентата и наздрави со чаша млеко. Се изгледаше толку добро, за да е реално. На почетокот на првата година од работата, навистина  течеше  “мед и млеко”. Фармерите за откупеното млеко добиваа нереално високи цени од 30 денари за литар, се нудеа опции за крави на лизинг, лактофизери и што не друго, па дури и власта им порача на фармерите да го зголемуваат производство и наместо по една да купуваат по три крави. Почна со откуп на млеко од фармерите од скопско, па се прошири во битолскиот и другите региони. Се извезуваше млеко во Косово, најави имаше за Бугарија, а во јули 2008 година доби дозвола за извоз на млеко во Европската унија. Но, извозот во ЕУ не го дочека. Веќе од следниот месец, август 2008 година, почнаа проблемите со исплатата на фармерите. Во ноември 2008 година почнаа расправиите меѓу членовите на Управниот одбор, па од  “Миа Бевериџ”( која беше еден од клучните акционери), побараа оставка од директорот Роџер Оскарсон. Инвестицијата вредна 18 милиони евра, доживеја најголемо фијаско во млечниот бизнис, и за една година успеаја да создаде долг од 32 милиони евра, од кои 4 милиони евра е долг кон фармерите. Како се сруши најсовремената млекарница? Кризата кулминираше кон крајот на 2008 година. Поради големите долгови запре исплатата на фармерите, Оскарсон изјави дека немал готовина и декa причината за пропаѓањето на млекарницата е поради должниците на компанијата, иако зад целата работа стоеше очигледната предименизонираност и растрошност во работењето на Свед милк. Во август 2008 година директорот Роџер Оскарсон, за јавноста изјави дека  млекарницата  се соочува со финансиски проблеми. Тогаш тој проблемот го лоцираше кај еден од акционерите, кој според неговите кажувања земал производи од „Сведмилк“  во вредност од над еден милион евра за млеко, а не  платил. Оскарсон тврдеше дека за тоа ја известил Шведската влада, која што барала начин да и помогне на млекраницата. Тој го обвини акционерот  „Миа бевериџ“, кој беше  и дистрибутер на млечните производи, дека со долгот кон млекарницата ја разнишал финансиската стабилност на компанијата. Оскарсон тврдеше дека “Миа Бевериџ” наводно, земал производи за извоз, кои потоа ги вратил назад, и по пониски цени ги нудел на продажната мрежа во Македонија  Но, од “Миа Бевериџ” го тврдеа спротивното, дека менаџерите се виновни за финансиската криза на млекарницата. Тие се расправаа едни со други, но факт е дека недомаќинлакот беше главниот виновник. Тогаш веќе беше јасно дека компанијата е пред колапс. Масовни протести Фармерите на почетокот на 2009 година излегоа на масовни протести пред Владата, и си го бараа долгот од близу 4 милиони евра. Најголеми доверители беа НЛБ Тутунска банка, потоа фармерите и уште неколку банки и компании. Во тој период кога револтот кај фармерите растеше од ден во ден, започнаа и преговорите за влез на нов инвеститор во млекарницата, кој требаше да го превземе долгот кон сточарите. Продажба за едно евро! Со посредство на тогашниот заменик- министер за земјоделство,шумарство и водостопанство Христијан Делев, “Свед милк” за едно евро беше продаденa на американско- израелската компанија “Феникс енерџи УСА ЛЛЦ”, со седиште во Њујорк, а како директор на Бордот на директори беше поставен Моше Баум. Тој вети дека ќе го исполни договорот за подмирување на долговите кон сточарите и другите доверители и дека откупот на млеко ќе продолжи. Но набрзо се испостави дека тоа биле само празни ветувања. Пари добија само вработените, а сточарите повторно извисија. Тие ги активираа протестите, излегоа пред Владата бараа да се уапси Баум и да се расчисти милионскиот криминал во “Свед милк”|. Додека фармерите протестираа Моше Баум си работеше- тој почна да ги  продава залихите од млеко и јогурт, а на фамерите не им исплати ни денар. И додека фармерите минуваа низ хумани, социјални трагедии, Моше Баум сместен во хотелот „Александар Палас“ , според сточарите, од нивното млеко се збогатил за два милиони евра, па наместо да ја спасува, ја раскрчмуваше и распродаваше млекарницата. Целиот криминал се случуваше пред очите на надлежните институции, кои тогаш изјавуваа дека не можат да се мешаат во работа на приватни субјекти. Ставот на Владата тогаш беше дека ќе помогнат само во посредување и преку разговори за да се најде модел за долгот на сточарите, потврдија дека има сериозен проблем, но дека прават се што е во нивна моќ. Кон крајот на март 2009 година, Моше Баум беше уапсен во обид да ја напушти Македонија на граничниот премин Ќафасан, и беше однесен на распит кај истражен судија. Баум обвинет за кривични дела измама и издавање лажен чек, но за криминалот не одлежа затвор, мирно си замина од земјава. Дојде со гаранција од 20 милиони евра, а замина од земјата со уште повеќе пари. Во тој период се случија и неколку промените во Владата, меѓу кои и заминувањето на Делев од позицијата заменик – министер за земјоделство. Тој исчезна од јавноста без  да се дадат точни инфромации за неговиот ангажман во носењето на инвеститорот Баум. Кривични пријави за Оскарсон, Ал Кафаи и Саржовски Финансиската полиција поднесе кривични пријави против првото раководство на Сведмилк, Роџер Оскарсон, Ал Ал Кафаи и Јосиф Саржовски, кои освен за предизвикување стечај, добија кривични и за уништување деловни книги и затајување данок. Тие кредитите што ги земале од банките ги користеле за лични дневници, високи провизии, а за да привлечат млекопроизводители, несразмерно ја зголемиле и цената на непреработеното млеко. Бесконечен стечај Голготата не застана. Поголемите доверители побараа да се отвори активен стечај со реорганзација на побарувањата. Тоа значи дека управувањето требаше да биде во надлежност на стечајниот управник Богољуб Макревски, млекарницата да продолжи со откуп на млеко и од продажбата да ги исплаќа стоачрите. Но, работите повторно се заплеткаа. Онаму каде што застана Баум, продолжи Макревски, кој со одолговлекувањата за стечајот, ја туркаше млекарницата во бесконечен стечај и целосно пропаѓање. Млекарницата не само што не работеше туку создаваше камати на милионските долгови. На почетокот на јуни 2009 година конечно беше отворена стечајанта постапка за “Свед милк”. Но и тука не застнаа голготите за фармерите и другите доверители. По безброј пати се одложуваа судските рочишта, се оспоруваа хипотеки, и до ден денес нема конечна разрешница. Во октомври минатата година стечајниот управник Макревски на состанок на Одборот на доверители донесе одлука да бидат исплатени 700.000 евра од вкупниот долг кој го има “Сведмилк”, односно доверителите да добијат по 5 отсто од парите што им ги должи “Свед милк”. Од оваа прва транша за исплата, први на листа се фармерите и дургите најголеми доверители. Претходно Одборот имаше донесе одлука остатокот од стечајната маса да го продаде на Балканска млекара, кој што преку регистрираната турска млекарница “Суташ” ја купи пропадната “Свед милк” за 4,4 милиони евра и наскоро се очекува да почне со работа. Со пропаѓањето на Свед милк, колабираше целото македонско млекопроизводство Пропаѓањето на Свед милк до докрајчи ионака кревкото македонско млекопроизводство, кое пак тогаш за кратко дожиева успех. Раните сеуште не се излечени. Сточарите во борба за егзистенција, затрупани со долгови и ни денар исплатен за нивниот труд, го распродадоа или го заклаа добитокот. Се преполови добиточниот фонд но и производството на сурово млеко. Македонија секогаш има недостиг на сурово млеко, но не до толку како после случајот Свед милк. Сега кога на повидок има нова голема инвестиција во млечниот бизнис, се поставува прашањето како ќе се снабдува со млеко, кога и веќе постоечките млекарници на домашен терен се во трка по литар повеќе сурово млеко. Од друга страна, фармерите кои се изгореа од Свед милк, сега со недоверба гледаат во најавите на тирците за тоа како ќе работи новата млекарница. Ќе треба да помине време и новите инвеститори да се докажат пред фармерите дека се сериозни во намерите. Ј.С

Можеби ќе ве интересира

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ШТО ЈА ПАДНА ИНДУСТРИЈАТА ВО МАРТ, „ПОТОНА“ ЗА НАД 10 ОТСТО - најголем минус во снабдувањето со струја и гас

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛ ПРОФИТ ОД БЛИЗУ ШЕСТ МИЛИОНИ ЕВРА ЌЕ ОДИ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА СТАРИ ЗАГУБИ - во „Макстил“ ќе има и промени, а еве за што се работи

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

ЦЕЛИОТ СВЕТ СВРТЕН КОН ЗЛАТОТО: Најбезбедна инвестиција

Вработените на ФЗО излегоа на протест

Вработените на ФЗО излегоа на протест

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“

КОИ СЕ СКРОМНИТЕ АКЦИОНЕРИ КОИ ЌЕ ЈА ЧУВААТ И РЕИНВЕСТИРААТ ЛАНСКАТА ДОБИВКА ОД ДВА МИЛИОНИ ЕВРА - еве колкава дивиденда ќе дели „Фершпед“