18 Декември, 2025
0.0736

Една милијарда евра отиде за увоз на струја во последниве 5 години!

Објавено во: Економија 31 Јули, 2013 08:24

Добивај вести на Viber

Фрапантни се последните податоци за увозот на струја во земјава, со кои располага Државниот завод за статистика. Само во мај годинава увозот на електрична енергија достигна 8 милиони евра. За 5 години увезена е струја вредна речиси една милијарда евра, доволно да се изгради капацитет поголем од РЕК Битола. Вкупно 62.698.172 евра чини увезената струја во Македонија во периодот јануари-мај годинава. Статистичките податоци обелоденуваат фрапантни податоци за галопирачкиот раст на вредноста на увозот на струјата во земјава. Само во мај годинава за струја од странство се одлеаа 8 милиони евра. Анализата на Фактор покажува дека во првите четири месеци од годинава дефицитарното домашно производство на струја, кое се надоместува со скап увоз чинеше фантастични 54 милиони евра. Колку мегават/часови струја се купени со овие 63 милиони евра во првите пет месеци, статистиката не обелоденува. Оттука, нема прецизни податоци колку киловат часови струја се купени секој месец одделно, а со тоа нејасно е и по која цена е купена оваа увезена струја. Државната статистика покажува и дека лани, кога во зимските месеци во Македонија имаше енергетска криза, увозот на електрична енергија достигна 196,7 милиони евра. Од кои земји Македонија купи струја тешка 63 милиони евра? Податоците до кои дојде Фактор покажуваат дека увозот вреден точно 62. 698.172 евра за првите пет месеци од годинава е направен од само 4 земји и тоа соседните Бугарија, Србија и Грција и од Швајцарија. Во првите пет месеци од годинава од Бугарија е увезена струја вредна 8.455.212 евра, од Србија 27.428.231 евра и од Грција само 140.418 евра. Информациите на фактор за увозот на струја во периодот јануари-мај годинава покажуваат и дека Швајцарија инкасирала 26.674.311 евра од продажба на струја во Македонија. Бугарија 8 455 212  евра Србија 27 428 231 евра Грција 140 418 евра Швајцарија 26 674 311 евра Што се може да се изгради со овие пари?! Безмалку една милијарда евра „тежи“ увозот на струја во Македонија од 2008 година до април годинава. Анализата на Фактор која се темели на статистичките податоци покажува дека од изминатите пет години рекорден е увозот на струја во 2008 година, дури 235 милиони евра за набавка на 2.732 гигават-часови струја. Во 2009 година ЕЛЕМ и големите индустриски капацитети, кои сами купуваат струја на слободниот пазар, платија речиси 90 милиони евра и 86 милиони во 2010 година. Во 2011 година пак, увозот на струја во Македонија достигна дури 165,3 милиони евра за околу 2.600 гигават-часови. Ако се земе предвид вредноста на некои од досега изградените енергетски објекти или пак, на оние во најава, произлегува дека наместо Македонија да изгради сопствени капацитети за производство на струја – девизите се “фрлале во магла”. Изградбата на ХЕЦ Света Петка, на пример, која годишно треба да произведува 66 гигават-часови струја доволни за околу 10.000 домаќинства, односно околу 40.000 граѓани, чини 75 милиони евра. Само петмесечниот увоз на струја годинава пак, чини 62 милиони евра. Исто така, за споредба што се може да се изгради со парите фрлени на увоз на струја е и деценискиот проект ХЕЦ Чебрен и ХЕЦ Галиште, за кој со години Владата никако да најде инвеститор. Овие најголеми хидроцентрали на Црна река се проценуваат на половина милијарда евра. Пресметките покажуваат дека и еден капацитет како РЕК Битола на пример кој снабдува речиси две третини од Македонија не чини повеќе од 700 - 800 милиони евра. Низа други енергетски инвестиции кои со децении се ставаат во листата на приоритети на Владата, никако да дочекаат реализација. Напротив, парите потребни за нивна изградба (и некој заем од Меѓународна финансиска институција) се земенува со скап увоз на струја од кој Македонија само краткорочно ги задоволува потребите. Од скапиот увоз се полнат буџетите на други држави и секако на странски трговци со струја, а Македонија се уште останува зависен нето-увозник на струја. К.П.

Можеби ќе ве интересира

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?