01 Јули, 2024
0.0267

Едно евро за квадрат откуп на земјиште од дивоградбите

Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

За едно евро по метар квадратен секој граѓанин ќе може да легализира земјиште кое се наоѓа под дивите градби, а е државно, предвидува новата владина мерка донесена на последната седница на Владата, која стапува на сила веднаш.
-Најголемиот дел од овие 360.000 семејства практично ќе ја имаат можноста по симболична цена за едно евро по метар квадратен да си ги откупат и дворните места, да можат после тоа да имаат не само легализирана куќа, туку и свој двор, да можат доколку во иднина сакаат да ја срушат старата куќа, да изградат нова, да ја доградат, да ја надградат или да ја продадат, да ја дадат под залог за да има поголема вредност да земат кредит“, истакна Груевски по пуштањето во употреба на спортска сала во средното училиште “Зеф Љуш Марку“ во општина Бутел.
Со оваа одлука, тој посочи дека го комплетираат прашањето на сопственоста на имотите во целост, по мерките за денационализацијата, враќањето на старите заробени девизи, легализацијата на дивите градби и дворовите за едно евро по метар квадратен.
-Значи некој има изградено дива градба на државно земјиште и сега ја легализира дивата градба, но земјиштето се уште не е негово. Тоа е државно, а тој треба да плаќа или закуп или да гарди нелегално ако сака да догради или ако е стара куќа сака да ја сруши да изгради нова или да ја надгради, тој не може бидејќи секое поместување ќе значи нова дивоградба за која тој штотуку се ослободил. Затоа одлучивме и земјиштето кое се наоѓа под дивите градби, а е државно, секој граѓанин да може да го легализира за едно евро по метар квадратен“, додаде премиерот Никола Груевски.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ОГЛАСИ СЛАВЈАНКА ПО ПОБЕДАТА НА ФИЛИПЧЕ: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија

СЕ ОГЛАСИ СЛАВЈАНКА ПО ПОБЕДАТА НА ФИЛИПЧЕ: Се боревме против заробена држава, добивме заробена партија

КАКВИ ЛЕКАРИ ЌЕ ВРАБОТУВА ТАРАВАРИ, ПАРТИСКИ ИЛИ СПОРЕД КВАЛИТЕТ? Еве што одговори

КАКВИ ЛЕКАРИ ЌЕ ВРАБОТУВА ТАРАВАРИ, ПАРТИСКИ ИЛИ СПОРЕД КВАЛИТЕТ? Еве што одговори

АРБИТРАЖА ТЕШКА НАД 40 МИЛИОНИ ЕВРА, СКАПА ОПРЕМА КОЈА СТОИ ВО ПОДРУМ: бројни забелешки за недовршените болници во Скопје и Штип

АРБИТРАЖА ТЕШКА НАД 40 МИЛИОНИ ЕВРА, СКАПА ОПРЕМА КОЈА СТОИ ВО ПОДРУМ: бројни забелешки за недовршените болници во Скопје и Штип

96 ЧАСА ПРЕД ВЛЕЗ ВО ЕУ ЌЕ МОРАМЕ ДА ГО ПОБАРАМЕ ОВОЈ ДОКУМЕНТ: Од есен стапува на сила, кој ја има ќе може непречено да влезе во земјите од Шенген зоната

96 ЧАСА ПРЕД ВЛЕЗ ВО ЕУ ЌЕ МОРАМЕ ДА ГО ПОБАРАМЕ ОВОЈ ДОКУМЕНТ: Од есен стапува на сила, кој ја има ќе може непречено да влезе во земјите од Шенген зоната

ЗА ДЕНЕС ИМА МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Еве што предупредуваат синоптичарите

ЗА ДЕНЕС ИМА МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Еве што предупредуваат синоптичарите

ФИЛИПЧЕ СО МНОГУ ВЕТУВАЊА: Се огласи на фејсбук по победата

ФИЛИПЧЕ СО МНОГУ ВЕТУВАЊА: Се огласи на фејсбук по победата

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДА ВОЗИТЕ? Еве се што не сте знаеле дека е погрешно, а го правите како возач

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДА ВОЗИТЕ? Еве се што не сте знаеле дека е погрешно, а го правите како возач

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФИЛИПЧЕ: Сега е време за работа, нема време за славење

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Филипче е новиот лидер на СДСМ