(ФОТО) Камперите на власта и опозицијата се уште пред Собрание и Влада
Објавено во: 19 Мај, 2015
После двата митинга кои во последните два дена се одржани во Скопје, за и против Никола Груевски, пред зградата на Владата и Собранието се активисти на опозициската СДСМ, односно ВМРО-ДПМНЕ кои тврдат дека тука ќе останат се додека не бидат исполнети нивните барања.
Опозицијата бара оставка од Груевски и формирање на преодна влада која би подготвила вонредни парламентарни избори.
Премиерот одговори дека нема да отстапи.
„Ниедна влада не направила толку, нема да дозволиме Заев да ја преземе власта“, категоричен е друг граѓанин.
Симпатизерите на Заев пак пред Владата кампуваат веќе трет ден. И тие тврдат дека нема да си заминат одтаму се додека премиерот Груевски не си поднесе оставка.
За тоа време Груевски и Заев во Стразбур разговараат со „тројката“ европарламентарци и европски комесар за соседство и проширување Јоханес Хан за можностите за надминување на најтешката политичка криза која ја погоди земјата.
Дијалогот на двајцата лидери во Скопје, во петок и понеделник , е завршен без резултат.
Се проценува дека разговорот во Стразбур ќе траат доцна во ноќта помеѓу вторникот и средата, а познавачите на тематиката велат дека не треба да се биде премногу оптимистичен во поглед на резултатот на тој состанок.
Наредната средба на лидерите на четирите најголеми политички партии е закажана за 26 мај во Скопје.