01 Ноември, 2024
0.0131

(ФОТО) Камперите на власта и опозицијата се уште пред Собрание и Влада

Објавено во: 19 Мај, 2015

Добивај вести на Viber

После двата митинга кои во последните два дена се одржани во Скопје, за и против Никола Груевски, пред зградата на Владата и Собранието се активисти на опозициската СДСМ, односно ВМРО-ДПМНЕ кои тврдат дека тука ќе останат се додека не бидат исполнети нивните барања.

VMRO kamp pred spobranie 3

Опозицијата бара оставка од Груевски и формирање на преодна влада која би подготвила вонредни парламентарни избори.

Премиерот одговори дека нема да отстапи.

Граѓаните кои се собрани и кампуваат пред Собранието во знак на поддршка на премиерот Груевски вели дека таму ќе остане се додека лидерот на опозицијата Зоран Заев не се откаже од намерата да ја дестабилизира државата, „На влас се доаѓа со легитемен пат, со избори, а не со креирање на вештачка криза, како што тоа го прави Заев“, вели еден граѓанин.

„Ниедна влада не направила толку, нема да дозволиме Заев да ја преземе власта“, категоричен е друг граѓанин.

Симпатизерите на Заев пак пред Владата кампуваат веќе трет ден. И тие тврдат дека нема да си заминат одтаму се додека премиерот Груевски не си поднесе оставка.

За тоа време Груевски и Заев во Стразбур разговараат со „тројката“ европарламентарци и европски комесар за соседство и проширување Јоханес Хан за можностите за надминување на најтешката политичка криза која ја погоди земјата.

SDSM kapm pred vlada 11

Дијалогот на двајцата лидери во Скопје, во петок и понеделник , е завршен без резултат.

Се проценува дека разговорот во Стразбур ќе траат доцна во ноќта помеѓу вторникот и средата, а познавачите на тематиката велат дека не треба да се биде премногу оптимистичен во поглед на резултатот на тој состанок.

Наредната средба на лидерите на четирите најголеми политички партии е закажана за 26 мај во Скопје.