(ФОТО) Погледнете како изгледа најоткачениот магичен хотел во светот
Објавено во: Свет 20 Март, 2018
“La Balade Des Gnomes” во Белгија плени со својот уникатен и фантастичен стил. Нешто што туристите и гостите ќе ги остави без здив.
Одморалиштето од бајките е составено од уникатни соби кои изгледаат како да се дел од некој вселенски брод слетан на Месечината, како и ентериери поради кои ќе помислите дека се наоѓате во живеалиштето на некој трол, комплетирано со извори на вода и златни рипки.
Но, како тоа да не било доволно, па така, може дури и да поделите соба со сирена која плови на јахта во базен.
Сопственикот Доминик Ноел решил да го создаде магичниот хотел, а најпрво, истиот бил наменет за да го дополни ресторанот на сопственикот, “La Gargouille”, кој е сместен веднаш до хотелот.
Господинот Ноел наплаќа од 60 до 140 евра од вечер за собите за кои што тој верува дека ги возбудуваат гостите и им нудат уникатно искуство и преноќување.