ФОТО+ВИДЕО: Маж пукаше во кино во Германија и повреди над 25 луѓе
Објавено во: Свет 23 Јуни, 2016
Во кино во западна Германија денеска пукаше вооружен и маскиран маж , пренесе Би-Би-Си.
Меѓу 25 и 50 луѓе се ранети во пукањето, пренесуваат медиумите повикувајќи се на непотврдени информации. Според податоците на Ројтерс, настраданите достигнуваат 50 лица. Министерот за внатрешни работи на германската сојузна држава Хесен за весникот Манхајмер морген потврдил дека напаѓачот бил застрелан и убиен кога специјалната полиција упаднала во киното.
Полициски извори соопштиле дека ситуацијата е смирена и дека нема опасност.
Масовните пукања се исклучително ретки во Германија. Последната се случи во 2009 година кога напаѓач уби 15 луѓе во училиште во Штутгарт.
[embed width="700" height="450" ]http://twitter.com/RT_com/status/746009677234835456[/embed]