11 Мај, 2024
0.0244

(ФОТО+ВИДЕО) НОВИ НЕМИРИ: Уште четворица загинати во протестите во Боливија

Објавено во: Свет 17 Ноември, 2019

Добивај вести на Viber

Уште четворица загинати има на протестите во Боливија.

Медиумската комисија за човекови права денеска соопшти дека уште четворица луѓе загинале во демонстрациите. Од почетокот на кризата и протестите на крајот на октомври забележани се најмалку 23 смртни случаи.

Според податоците на Организацијата на американски држави, на протестите од петокот се повредени најмалку 122 луѓе.

Боливиската војска и полиција во петокот отворија оган врз поддржувачите на доскорешниот претседател Ево Моралес во градот Сакаба.

Моралес на Твитер напиша дека се случил „масакр“ и ја опиша преодната влада на самопрогласената претседателка Хенин Ањес како диктатура.

ОН ја осудија „беспотребната и несразмерна употреба на сила“ на полицијата и војската во Боливија.

Во главниот град на Боливија, Сукре, избија судири кога опозициската лидерка, Анес, се прогласи за привремена претседателка на земјата по оставката на Ево Моралес. Гневните поддржувачи на Моралес сметаат дека таа нема легитимитет и мора да се повлече.

Претходно, Моралес, поднесе оставка од функцијата претседател соочувајќи се со притисоци и протести поради обвинувања за измама на изборите на 20. октомври, на кои извојува убедлива победа.

По ова, тој замина во Мексико каде му беше одобрен азил.


Можеби ќе ве интересира

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

СЕ СЕЛЕЛЕ ПО ПЕТ-ШЕСТПАТИ: Oколу 30.000 луѓе дневно заминуваат од Рафа

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПО ОБИДОТ ЗА АТЕНТАТ: Зеленски го разреши главниот телохранител

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

ПРОСТИТУЦИЈАТА СТАНУВА НОРМАЛНА РАБОТА ВО БЕЛГИЈА! Донесен закон, имаат право на пензија, породилно...

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

КОЈ КОЛКУ ЖИВЕЕ ВО ЕВРОПА: Шпанците живеат најдолго, а Бугарите најкратко

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

ДАНОК НА БОГАТСТВО: Еве каде се плаќа

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

Париз: Маж застрелал двајца полицајци откако им го украл пиштолот од полициска станица

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

„ПАМЕТЕН ГРАД“ НИКНУВА СРЕДЕ НИШТО И КРИЕ СТРАШНА ТАЈНА: Мегапроект вреден милијарди еве за какво чудо станува збор (ВИДЕО)

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

НАЈДЛАБОК НАПАД НА РУСКА ТЕРИТОРИЈА: Украина погоди рафинерија во Башкортостан

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена

ДВА ФАКТОРИ ВОДАТ КОН ФАТАЛНИ ПОСЛЕДИЦИ: Во Бангладеш најмалку 74 луѓе загинаа од удари на гром за 38 дена