10 Декември, 2024
0.0250

Годинава ќе произведеме и ќе дадеме услуги за 550 милиони евра помалку, според падот на БДП

Објавено во: Економија 09 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Според новите проекции за падот на бруто домашниот производ на Народната банка, материјалните добра и услуги кои ќе ги произведе и даде македонската економија ќе бидат за околу 550 милиони евра помалку од она што минатата година е создадено. За споредба, минатогодишниот бруто домашен производ бил 697,6 милијарди денари, односно  околу 11,3 милијарди евра.

Со пад на бруто-домашниот производ во втор квартал по ред, Македонија и официјално влезе во рецесија. Во третиот квартал има минус на бруто-домашниот производ за 3,3 проценти, а падот во вториот квартал е дури негатива од 14,9 проценти, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика.

Ова следува откако во првото тримесечје бруто домашниот производ на земјава доживеал раст од само 0,9 отсто, додека, пак, во вториот квартал, кога ударот од кризата беше најголем, минусот во економијата изнесувал дури 14,9 отсто. Кога два квартала едно по друго се бележи пад на економијата, тоа значи дека таа и официјално е влезена во рецесија. 

Како што е познато, првичните податоци на државните статистичари говореа дека БДП во вториот квартал паднал за 12,7 проценти, но сега тој показател е ревидиран и е уште полош од претходниот, а покажува дека во второто тримесечје сме имале негатива кај БДП од дури 14,9 отсто. Или, во месеците април, мај и јуни, домашната економија се струполила за близу 15 проценти. Овој пад не е забележан уште од 2001 година, кога нашата држава се соочи со воен конфликт.

Институтот Finance Think вели дека падот на БДП на земјава во третиот квартал од 3,3 отсто е нешто помал од нивните априлски проекции, кои прогнозираа пад од 4,7 проценти. Ова, според нив, се должи на владината интервенција за ублажување на социо-економските ефекти од Ковид-19, која свој најголем интензитет достигна во третиот квартал. 

„Тоа се согледува и преку растот на јавната потрошувачкаво овој квартал од 13,5 отсто, во услови кога домаќинствата продолжиле да бидат воздржани (пад на приватната потрошувачкаод 4,1 отсто), а условите на трговијата продолжиле да бидат отежнати. На производната страна, во третиот квартал се забележува релативна консолидација, која е значајна кај најпогодените сектори: преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и хотелиерството, иако тие го продолжиле својот пад“, објаснуваат од институтот. 

Домашната економија годинава ќе падне за 4,9 отсто. Ова е најновата ревидирана проекција на Народна банка на Македонија, откако таа во април очекуваше домашната економска активност да има негативна стапка на економски раст од 3,5 отсто, бидејќи тогаш се очекуваше пократкорочен карактер на здравствената криза предизвикана од ковид 19. 

Главна причина за ова, како што соопшти гувернерката Анита Бежоска Ангеловска, е што закрепнувањето кое се очекуваше во втората половина на годинава не се случи, поради вториот бран на пандемијата со корона вирусот.

„За разлика од априлските проекции, најновиот циклус на макроекономски проекции претпоставува подолготрајни и продолжени ефекти од пандемијата на ковид 19 и врз глобалната и врз домашната економија. Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. Макроекономското сценарио и ризиците околу него во најголема мерка се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти. Засега, имајќи предвид дека ковид-шокот е од неекономска природа, не се очекува тој да има позначителни ефекти врз долгорочниот потенцијал за економски раст“, објасни Бежоска.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

РИПНАЛЕ ТРОШОЦИТЕ НА ЖИВОТ: Еве каде има најголеми поскапувања

АРИВИДЕРЧИ ИТАЛИЈА! Младите масовно ја напуштаат земјата, бараат подобар живот

АРИВИДЕРЧИ ИТАЛИЈА! Младите масовно ја напуштаат земјата, бараат подобар живот

Кои се ТОП 10 земји – трговски партнери на Македонија? Трговијата со нив вреди 10 милијарди евра за 10 десет месеци!

Кои се ТОП 10 земји – трговски партнери на Македонија? Трговијата со нив вреди 10 милијарди евра за 10 десет месеци!

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, ќе биде и политичар и ќе продава вино во слободно време

Поранешниот портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, ќе биде и политичар и ќе продава вино во слободно време

ОВА Е ТОА ШТО НА СИТЕ ИМ ТРЕБА: Расте интересот за подобрување на финансиската писменост во Македонија

ОВА Е ТОА ШТО НА СИТЕ ИМ ТРЕБА: Расте интересот за подобрување на финансиската писменост во Македонија

УКИНУВААТ 5.000 РАБОТНИ МЕСТА - Германските железници планираат да отпуштат повеќе вработени отколку што договорија со синдикатите

УКИНУВААТ 5.000 РАБОТНИ МЕСТА - Германските железници планираат да отпуштат повеќе вработени отколку што договорија со синдикатите

ПОВТОРНО ЌЕ ШТРАЈКУВААТ РАБОТНИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА - илјадници вработени на Фолксваген не работат

ПОВТОРНО ЌЕ ШТРАЈКУВААТ РАБОТНИЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА - илјадници вработени на Фолксваген не работат

„ВОЈНА“ СО ЧИПОВИ - Кина започна антимонополска истрага против американскиот производител на чипови Nvidia

„ВОЈНА“ СО ЧИПОВИ - Кина започна антимонополска истрага против американскиот производител на чипови Nvidia

ИМАТЕ ЛИ ПАРИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ - еве зошто Будва е совршена дестинација за купување стан?

ИМАТЕ ЛИ ПАРИ ЗА ИНВЕСТИРАЊЕ - еве зошто Будва е совршена дестинација за купување стан?