04 Јануари, 2025
0.0267

Годинава ќе произведеме и ќе дадеме услуги за 550 милиони евра помалку, според падот на БДП

Објавено во: Економија 09 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Според новите проекции за падот на бруто домашниот производ на Народната банка, материјалните добра и услуги кои ќе ги произведе и даде македонската економија ќе бидат за околу 550 милиони евра помалку од она што минатата година е создадено. За споредба, минатогодишниот бруто домашен производ бил 697,6 милијарди денари, односно  околу 11,3 милијарди евра.

Со пад на бруто-домашниот производ во втор квартал по ред, Македонија и официјално влезе во рецесија. Во третиот квартал има минус на бруто-домашниот производ за 3,3 проценти, а падот во вториот квартал е дури негатива од 14,9 проценти, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика.

Ова следува откако во првото тримесечје бруто домашниот производ на земјава доживеал раст од само 0,9 отсто, додека, пак, во вториот квартал, кога ударот од кризата беше најголем, минусот во економијата изнесувал дури 14,9 отсто. Кога два квартала едно по друго се бележи пад на економијата, тоа значи дека таа и официјално е влезена во рецесија. 

Како што е познато, првичните податоци на државните статистичари говореа дека БДП во вториот квартал паднал за 12,7 проценти, но сега тој показател е ревидиран и е уште полош од претходниот, а покажува дека во второто тримесечје сме имале негатива кај БДП од дури 14,9 отсто. Или, во месеците април, мај и јуни, домашната економија се струполила за близу 15 проценти. Овој пад не е забележан уште од 2001 година, кога нашата држава се соочи со воен конфликт.

Институтот Finance Think вели дека падот на БДП на земјава во третиот квартал од 3,3 отсто е нешто помал од нивните априлски проекции, кои прогнозираа пад од 4,7 проценти. Ова, според нив, се должи на владината интервенција за ублажување на социо-економските ефекти од Ковид-19, која свој најголем интензитет достигна во третиот квартал. 

„Тоа се согледува и преку растот на јавната потрошувачкаво овој квартал од 13,5 отсто, во услови кога домаќинствата продолжиле да бидат воздржани (пад на приватната потрошувачкаод 4,1 отсто), а условите на трговијата продолжиле да бидат отежнати. На производната страна, во третиот квартал се забележува релативна консолидација, која е значајна кај најпогодените сектори: преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и хотелиерството, иако тие го продолжиле својот пад“, објаснуваат од институтот. 

Домашната економија годинава ќе падне за 4,9 отсто. Ова е најновата ревидирана проекција на Народна банка на Македонија, откако таа во април очекуваше домашната економска активност да има негативна стапка на економски раст од 3,5 отсто, бидејќи тогаш се очекуваше пократкорочен карактер на здравствената криза предизвикана од ковид 19. 

Главна причина за ова, како што соопшти гувернерката Анита Бежоска Ангеловска, е што закрепнувањето кое се очекуваше во втората половина на годинава не се случи, поради вториот бран на пандемијата со корона вирусот.

„За разлика од априлските проекции, најновиот циклус на макроекономски проекции претпоставува подолготрајни и продолжени ефекти од пандемијата на ковид 19 и врз глобалната и врз домашната економија. Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. Макроекономското сценарио и ризиците околу него во најголема мерка се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти. Засега, имајќи предвид дека ковид-шокот е од неекономска природа, не се очекува тој да има позначителни ефекти врз долгорочниот потенцијал за економски раст“, објасни Бежоска.


Можеби ќе ве интересира

НАЈСКАПИ И НАЈЕВТИНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

НАЈСКАПИ И НАЈЕВТИНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА БУГАРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми минималецот

ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА БУГАРСКИТЕ РАБОТНИЦИ: Се зголеми минималецот

РАСТИТЕЛНИ МАСЛА, ШЕЌЕР, МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ: Што се случува со цените на храната во светот?

РАСТИТЕЛНИ МАСЛА, ШЕЌЕР, МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ: Што се случува со цените на храната во светот?

ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА ЗА СОЛАРНИ ПАНЕЛИ ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ - после рекордниот раст, дојде бран на отпуштања и банкроти

ГЕРМАНСКАТА ИНДУСТРИЈА ЗА СОЛАРНИ ПАНЕЛИ ВО ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ - после рекордниот раст, дојде бран на отпуштања и банкроти

SAMSUNG СТАНУВА МНОЗИНСКИ АКЦИОНЕР ВО КОМПАНИЈАТА ШТО ГО КРЕИРАШЕ ПРВИОТ ХУМАНОИДЕН РОБОТ: Технолошкиот конгломерат ја зајакнува позицијата

SAMSUNG СТАНУВА МНОЗИНСКИ АКЦИОНЕР ВО КОМПАНИЈАТА ШТО ГО КРЕИРАШЕ ПРВИОТ ХУМАНОИДЕН РОБОТ: Технолошкиот конгломерат ја зајакнува позицијата

МИЦКОСКИ СО ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Обезбедени се средства за линеарното зголемување, во април на сметките ќе им легнат плус 2.500 денари

МИЦКОСКИ СО ДОБРИ ВЕСТИ ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Обезбедени се средства за линеарното зголемување, во април на сметките ќе им легнат плус 2.500 денари

ОСНОВАЧОТ НА NVIDIA ПРВ ПАТ МЕЃУ 10-ТЕ НАЈБОГАТИ: Со колку пари ја почна годината?

ОСНОВАЧОТ НА NVIDIA ПРВ ПАТ МЕЃУ 10-ТЕ НАЈБОГАТИ: Со колку пари ја почна годината?

Осум цариници пропуштиле 35 половни автомобили да се продаваат без данок

Осум цариници пропуштиле 35 половни автомобили да се продаваат без данок

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ИЗДВОЈУВААТ САМО ПО 20 ДО 25 ЕВРА ПО ЖИТЕЛ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ, НО ТОА НОСИ ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ - Учета Дузлевска во Бизнис муабети на Фактор

ВО МАКЕДОНИЈА СЕ ИЗДВОЈУВААТ САМО ПО 20 ДО 25 ЕВРА ПО ЖИТЕЛ ЗА ОСИГУРУВАЊЕ, НО ТОА НОСИ ГОЛЕМ ПОТЕНЦИЈАЛ ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ - Учета Дузлевска во Бизнис муабети на Фактор