01 Септември, 2024
0.0343

Годинава ќе произведеме и ќе дадеме услуги за 550 милиони евра помалку, според падот на БДП

Објавено во: Економија 09 Декември, 2020

Добивај вести на Viber

Според новите проекции за падот на бруто домашниот производ на Народната банка, материјалните добра и услуги кои ќе ги произведе и даде македонската економија ќе бидат за околу 550 милиони евра помалку од она што минатата година е создадено. За споредба, минатогодишниот бруто домашен производ бил 697,6 милијарди денари, односно  околу 11,3 милијарди евра.

Со пад на бруто-домашниот производ во втор квартал по ред, Македонија и официјално влезе во рецесија. Во третиот квартал има минус на бруто-домашниот производ за 3,3 проценти, а падот во вториот квартал е дури негатива од 14,9 проценти, покажуваат новите податоци на Државниот завод за статистика.

Ова следува откако во првото тримесечје бруто домашниот производ на земјава доживеал раст од само 0,9 отсто, додека, пак, во вториот квартал, кога ударот од кризата беше најголем, минусот во економијата изнесувал дури 14,9 отсто. Кога два квартала едно по друго се бележи пад на економијата, тоа значи дека таа и официјално е влезена во рецесија. 

Како што е познато, првичните податоци на државните статистичари говореа дека БДП во вториот квартал паднал за 12,7 проценти, но сега тој показател е ревидиран и е уште полош од претходниот, а покажува дека во второто тримесечје сме имале негатива кај БДП од дури 14,9 отсто. Или, во месеците април, мај и јуни, домашната економија се струполила за близу 15 проценти. Овој пад не е забележан уште од 2001 година, кога нашата држава се соочи со воен конфликт.

Институтот Finance Think вели дека падот на БДП на земјава во третиот квартал од 3,3 отсто е нешто помал од нивните априлски проекции, кои прогнозираа пад од 4,7 проценти. Ова, според нив, се должи на владината интервенција за ублажување на социо-економските ефекти од Ковид-19, која свој најголем интензитет достигна во третиот квартал. 

„Тоа се согледува и преку растот на јавната потрошувачкаво овој квартал од 13,5 отсто, во услови кога домаќинствата продолжиле да бидат воздржани (пад на приватната потрошувачкаод 4,1 отсто), а условите на трговијата продолжиле да бидат отежнати. На производната страна, во третиот квартал се забележува релативна консолидација, која е значајна кај најпогодените сектори: преработувачката индустрија, трговијата, транспортот и хотелиерството, иако тие го продолжиле својот пад“, објаснуваат од институтот. 

Домашната економија годинава ќе падне за 4,9 отсто. Ова е најновата ревидирана проекција на Народна банка на Македонија, откако таа во април очекуваше домашната економска активност да има негативна стапка на економски раст од 3,5 отсто, бидејќи тогаш се очекуваше пократкорочен карактер на здравствената криза предизвикана од ковид 19. 

Главна причина за ова, како што соопшти гувернерката Анита Бежоска Ангеловска, е што закрепнувањето кое се очекуваше во втората половина на годинава не се случи, поради вториот бран на пандемијата со корона вирусот.

„За разлика од априлските проекции, најновиот циклус на макроекономски проекции претпоставува подолготрајни и продолжени ефекти од пандемијата на ковид 19 и врз глобалната и врз домашната економија. Согласно со тековните оцени, последиците од кризата ќе се чувствуваат и во 2021 година, додека целосно закрепнување и надоместување на економските загуби се очекува во текот на 2022 година. Макроекономското сценарио и ризиците околу него во најголема мерка се условени од развојот на здравствената криза во глобални рамки, односно од справувањето со пандемијата и нејзините последици врз однесувањето и очекувањата на економските субјекти. Засега, имајќи предвид дека ковид-шокот е од неекономска природа, не се очекува тој да има позначителни ефекти врз долгорочниот потенцијал за економски раст“, објасни Бежоска.


Можеби ќе ве интересира

Падот на патниците на скопскиот аеродром продолжува и во јули

Падот на патниците на скопскиот аеродром продолжува и во јули

ГИ ПРОДАВААТ КУЌИТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Русите бегаат од Финска

ГИ ПРОДАВААТ КУЌИТЕ ЗА МАЛКУ ПАРИ: Русите бегаат од Финска

НАРОДНА БАНКА: Растат каматите на депозитите

НАРОДНА БАНКА: Растат каматите на депозитите

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

ДОГОВОРОТ НЕМА ДА ГО ОБНОВАТ: Украина ќе прекине со транзитот на руските нафта и гас

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

ГРЧКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ ГИ НАМАЛИЛЕ ЦЕНИТЕ ВО АВГУСТ - нешто сепак поскапело, а тоа се рибите и морските плодови

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

Владата усвои нов закон за автопатот Кичево - Охрид, ќе се олеснува асфалтирањето

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

БЕШЕ МИЛИЈАРДЕР „НА ХАРТИЈА“, А ПОТОА БОГАТСТВОТО СЕ СТОПИ - еве како порасна за време на ковидот, но и како падна

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

ОТКРИЕНИ ДЕТАЛИ ЗА ТОА КОЈ И КОЛКУ ЌЕ ПЛАЌА ОД НОВИОТ ДАНОК НА НЕДВИЖНОСТИ - Хрватска вака ќе се бори против празните станови

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“

Синот на Константин Димитров еден од новите директори на „Номагас“