21 Мај, 2024
0.0340

Горно Лисиче доби нов парк

Објавено во: Македонија 12 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Во населбата Горно Лисиче во општина Аеродром денеска е пуштен во употреба зелен парк на површина од 6.500 метри квадратни. Изградбата на паркот чини 35 милиони денари обезбедени од општинскиот буџет.

Паркот содржи зелена површина од 3.000 метри квадратни, уредена со висока и ниска вегетација со повеќе видови зимзелени и листопадни растенија, цветни грмушки и барски растенија. Новиот парк содржи и езеро на две нивоа со пешачки мост, а над езерото е поставен видиковец. Содржи и детско игралиште со реквизити, пешачки патеки, жарданиери, чешми, канти за отпадоци и клупи.

Претседателот Ѓорѓе Иванов и градоначалникот на општина Аеродром Ивица Конески кои присуствуваа на пуштањето во употреба на паркот, оценија дека со неговата изградба се подобруваат условите и за граѓаните во руралниот дел од општината.

Граѓаните ќе имаат места  каде да се релаксираат, а децата за забава. Ова е за пофалба и покажува дека тоа што го бараат граѓаните се реализира, изјави Иванов.

Според градоначалникот Коневски, изградбата на паркот е со цел жителите на руралниот дел да ги добијат неопходните услови што ги има и во урбаниот дел.

- И понатаму  ќе продолжиме со целосна урбанизација на руралниот дел, рече градоначалникот Конески.

Можеби ќе ве интересира

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија

ТРОЈЦАТА ГОЛЕМИ СИГУРНО НЕ СЕ, НО КОЈ Е ОД ПОМАЛИТЕ, УШТЕ НЕ СЕ ЗНАЕ - има ли нов играч во хотелиерската компанија