Добивај вести на Viber
Заврши реконструкцијата на Фасадата на Бегова куќа (куќата на Даут Болетини) во Гостивар, која е прогласена за споменик на културата од 18 век.
За заштита на фасадата на историскиот објект, Министреството за култура лани одобри 1,7 милиони денари на Конзерваторскиот центар-Гостивар. Парите се обезбедени преку владиниот проект за санација на фасадите на објектите од староградска архитектура, кои според анализите ги има околу 250. Тие ќе бидат конзервирани етапно во следните години.
Како што најавија од ресорното министерство, годинава треба да заврши и реконструкцијата на Саат кулата во Гостивар, која треба да биде и туристичка атракција.