21 Мај, 2024
0.0272

„Grouper.mk“ – го прослави роденденот со голема традиционална забава и многу подароци

Објавено во: Мои пари 03 Февруари, 2015

Добивај вести на Viber

Лидерот во групно купување и е-трговија, Grouper, изминатава сабота го прослави својот 4ти роденден со традиционална голема забава од отворен тип, на која присуствуваа повеќе од 1000 гости. Забавата се одржа во City Hall, во целосно брендиран простор со осмислена приказна, атрактивна за корисниците, соработниците и сите посетители.

Во роденденски дух, беа доделени 400 вредни подароци на присутните.

Grupko so gostite

Настанот беше отворен со хуморот на Жарко Димитроски, а гостите се забавуваа со музиката на неповторливите Тумбао Салса Бенд, кои приредија одлична журка. Покрај нив, за позитивната атмосфера допринесе и славеникот Групко – маскотата на Grouper, кој беше во постојана интеркација со гостите преку танцување и фотографирање.

Просторот беше креативно осмислен со Main Stage, Grouper Green Corner каде се делеа брендирани подароци, и Blue Corner на Halkbank со интересни реквизити за фотографирање.

Izvlekuvanje2

Задоволството на гостите беше споделено и на социјалните мрежи под хаштагот #groupermk кој ги обедини корисниците како online така и offline.

На полноќ се одржа и извлекување на највредните подароци од страна на Жарко и тимот на Grouper. За да се покаже транспарентноста на доделувањето подароци, се емитуваше live streaming на видео бимовите од извлечените бројчиња.

Izvlekuvanje1

За 4 години постоење Grouper.mk услужи над 80.000 корисници кои купија над 270.000 купони од над 1500 компании, од вкупно објавени 7500 зделки. Порастот на онлајн трансакции, а со тоа и продадени купони изнесува над 33% споредено со 2013та година.

Подетално за статистиката и продажбите погледнете на следното видео

Инаку Grouper има многу причини за славење - оваа година  за прв пат беше организирана Black Friday акција, која ги сруши сите рекорди.

Tumbao Salsa Bend so Grupko

Беа продадени над 2000 купони во еден ден, а акцијата доби позитивен фидбек и на социјалните медиуми.

Наградата за најдобар сајт за е-трговија на годината, и оваа година по втор пат ја доби Grouper, а покрај неа се закити и со награда за најдобар мобилен сајт, како и второ место за најдобра фејсбук страна. Grouper беше единствен сајт со 3 награди.

Понатаму, оваа година во Јули беше лансирана и Grouper.mk  мобилна апликација  достапна за Android и iOS корисниците.

HalkBank Blue Corner copy

Апликацијата веќе брои 20.000 инсталации, 80% андроид спрема 20% iOS.

Корисниците на апликацијата се на само еден клик од купување и искористување на купоните, веќе не е потребно печатење на купоните, доволно е да ја имате апликацијата и истите да ги покажете од неа. Трговците од друга страна добија нов лесен начин за проверка и валидација на купоните. Над 25% од купувањата во изминатите месеци се напревени преку мобилната апликација. Grouper продолжуваат со реализација на плановите и новините за апликацијата и воопшто за техничките функционалности и во 2015 за да го олеснат и подобрат искуството за сите корисници.

Можеби ќе ве интересира

Македонија2025 го организираше третиот САЕМ ЗА НАУКА: Дел од проектот „Науката и Јас“

Македонија2025 го организираше третиот САЕМ ЗА НАУКА: Дел од проектот „Науката и Јас“

Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!

Со спектакуларен концерт на Џибони, Fashion Group прослави 20 години!

Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Двајца уметници од регионот победници на НЛБ Муза, повикот на НЛБ Групацијата за интермедијална уметност

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

Гранд Скопје на Конференцијата за недвижности ќе се претстави со иновативни и функционални решенија за инвестирање во иднината

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

ПЕТ ФАКТИ КОИ МОРА ДА ГИ ЗНАЕТЕ ЗА ВИВА SMOOTHIE

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Како да одберете премија за осигурување според потребите на вашиот бизнис?

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Porsche традиционално на патиштата низ Македонија со ексклузивниот Road Tour

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Утре се одржува втората Конференција за недвижности во организација на ФОРТОНМКА

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза

Кина гради радарска мрежа за поддршка на глобалната вселенска временска прогноза