И Финска бара референдум за членството во ЕУ?
Објавено во: Свет 26 Јуни, 2016
Собирање на потписи за петиција со барање за референдум за излез од Европската унија започна во Финска.
Околу 10 000 луѓе веќе се потпишале на петицијата. Составувач на петицијата е Себастијан Тонконен, шефот на младинската организација на партија „Финците", која влегува во владејачката коалиција и се смета за евроскептична партија. Само во петокот, кога беа објавени резултатите од референдумот во Британија, документот бил потпишан од 3.500 луѓе.
Тонконен смета дека аналогно на британскиот референдум е потребен и референдум во Финска, за да може таа да стане слободна. ЕУ само предизвикува хаос во Европа, рече тој. Предложи референдумот да биде спроведен во декември 2017 година.
Ваква иницијатива во Финска имаше и во 2013 година и тогаш на петицијата се потпишаа околу 30 000 луѓе, а беа потребни минимум 50 000 потписи за разгледување од финскиот парламент.