10 Ноември, 2024
0.1968

ИНТЕРВЈУ Јовановиќ: Македонија треба што побрзо да воведе прогресивно оданочување!

Објавено во: Економија 28 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Македонија треба да воведе вистинско прогресивно оданочување, по примерот на скоро сите развиени земји, смета Бранимир Јовановиќ, еконмски истражувач и дел од граѓанската организација „Солидарност“. Според Јовановиќ, тоа би им оставило повеќе пари на најсиромашните, бидејќи ако персоналниот данок и придонесите за најсиромашните се намалат од сегашните 33% на 20%, минималната нето плата автоматски ќе се зголеми од 9500 на 11200 денари, т.е. за околу 18%. [button color="red" size="big" link="http://faktor.mk/2015/06/28/intervju-petreski-politichkata-partija-koja-ke-vovede-progresiven-danok-ja-seche-grankata-na-koja-sedi/" ]ДЕБАТА: Прогресивно одначочување ДА или НЕ?[/button] Фактор: Дали Македонија треба да размислува за прогресивно одданочување, односно богатите да се одданочуваат со повисока стапка, а сиромашните со пониска стапка? Бранимир Јовановиќ: Не. Македонија не треба да размислува за прогресивно оданочување. Македонија треба што е можно побрзо да воведе прогресивно оданочување. Зашто со тоа што побогатите плаќаат даноци по пониски стапки од сиромашните, како што е моментално, богатите се фаворизираат. Или, колоквијално кажано – државата зема од сиромашните, за да им дава на богатите. Македонија треба да воведе вистинско прогресивно оданочување, по примерот на скоро сите развиени земји. Конкретно, вкупното даночно оптоварување (персонален данок + придонеси) на најсиромашните, кое сега изнесува околу 33%, треба да се намали и да биде пониско од она на најбогатите, кое сега изнесува 11%. Во Германија, на пример, најсиромашните и плаќаат околу 20% на државата, а најбогатите, околу 45%. Фактор: Дали, прогресивното одданочување ќе донесе повеќе пари во буџетот, но и од друга страна колку е важна понатамошната распределба на парите за да се постигнат посакуваните ефекти? Бранимир Јовановиќ: Дали прогресивното оданочување ќе донесе повеќе пари во буџетот зависи од повеќе фактори, пред се од тоа тоа како ќе бидат поставени новите даночни стапки. Ако се воведе систем сличен на германскиот, според кој оние со најниски примања ќе и даваат на државата околу 20%, а оние со највисоки примања околу 45%, при што 80% од населението ќе имаат пониски давачки од сегашните, би требало приходите да се зголемат минимално. Секако дека е многу важно и како ќе се потрошат тие пари. Треба да се трошат на продуктивни работи. Пред се, треба да се зголеми социјалната помош, за да се искорени најголемиот економски проблем и во државата и во светот, сиромаштијата. Второ, треба да се зголемат јавните инвестиции во инфраструктурата. Ако, наместо на ова, парите се потрошат на споменици, фасади и реклами, како што се правеше до сега, ефектите можат да бидат повеќе штетни отколку корисни. Фактор: Какви би биле ефектите што би се постигнале со прогресивното одданочување? (Поконкретно, дали тоа би довело до намалување на нееднаквоста, до поголем раст на економијата, до зголемување на вработеноста, и сл.) Бранимир Јовановиќ: Воведувањето на прогресивен данок како погоре опишаниот ќе доведе до редистрибуција на доходот од најбогатите 20% кон останатите 80% од населението. Заради тоа што оние со пониски доходи повеќе трошат од оние со повисоки доходи, веднаш ќе се зголеми агрегатното трошење, а со тоа и економскиот раст. Економскиот раст ќе се зголеми и на долг рок, затоа што ќе се намалат сиромаштијата и нееднаквоста, кои, како што е добро познато, штетно влијаат на економскиот раст. Заради повисокиот економски раст, ќе се намали и невработеноста. Фактор: Дали со прогресивното одданочување би останале повеќе пари кај сиромашната категорија граѓани, а со тоа би се влијаело на подобрување на нивниот стандард? Бранимир Јовановиќ: Даночната реформа која ја опишав погоре дефинитивно ќе им остави повеќе пари на најсиромашните, затоа што нивните даночни стапки ќе се намалат. Така, моментално минималната бруто плата е околу 14.000 денари, што, по плаќањето на персоналниот данок и придонесите, се сведува на околу 9.500 денари нето. Ако персоналниот данок и придонесите за најсиромашните се намалат од сегашните 33% на 20%, минималната нето плата автоматски ќе се зголеми од 9500 на 11200 денари, т.е. за околу 18%. Ова воопшто не е малку. Фактор: Дали било која Влада има политички капацитет да посегне по прогресивно одданочување со оглед дека тоа би значело свртување на револтот на богатата елита кон себе, а токму таа елита пак од друга страна е постојано во спрега со владејачките гарнитури? Бранимир Јовановиќ: Иако не сум политичар ни политиколог, ми се чини дека од релевантните политички фактори, единствено владеачката ВМРО-ДПМНЕ е се уште против прогресивното оданочување. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, јавно кажа дека тие би го вратиле прогресивниот данок, ако дојдат на власт. Поранешниот министер за финансии, Петар Гошев, исто така многупати јавно го критикувал рамниот данок. Голем број на граѓански организации, вклучувајќи ја и мојата „Солидарност“, исто така се отворени поборници на прогресивното оданочување. Ова е сосема логично – по сите протести кои се случија изминативе неколку месеци, и граѓаните и политичарите сфатија дека економските политики не смеат да им служат на елитите, како што беше во изминативе 24 години, туку на народот. Фактор: Како ги оценувате ефектите од воведувањето на рамниот данок во земјава? (И ако велиме дека нема релевантни подаоци врз основа на кои може да се даде одговор на ова прашање, тогаш се наметнува, следно ппрашање, зошто нема, дали тие релавантни податоци отсуствуваат за да не може да се направи проценка за оправданоста од воведувањето на рамниот данок во земјава?) Бранимир Јовановиќ: Во 2006 година, кога Груевски дојде на власт и кога се зборуваше за воведувањето на рамниот данок, јас бев на магустратура во Англија. Добро се сеќавам кои беа очекувањата –намалена даночна евазија, повисоки буџетски приходи, привлекување на странски инвестиции, повисок економски раст... Денеска, 9 години подоцна, фактите говорат дека ништо од ова не се оствари. Буџетските приходи (како процент од БДП) се намалени по рамниот данок, заради што се зголемени буџетските дефицити, и заради што има постојан пораст на јавниот долг од 2007 наваму (по предвремената отплата на долговите од 2006 и 2007). Фактите говорат дека нема раст ни кај странските директни инвестиции по воведувањето на рамниот данок. Фактите говорат дека и економскиот раст во времето на рамниот данок е понизок отколку во годините пред тоа, а зголемена е само нееднаквоста меѓу луѓето, и тоа до рекордни нивоа во Европа. Конечно, фактите говорат дека има огромен раст кај вишокот на ликвидност во банкарскиот систем (т.е. на прекумерното штедење), како последица на тоа што богатите имаат премногу пари на кои не знаат што да им прават, па ги ставаат во банка, за да живеат од каматата. Мислам дека од сето ова е јасно дека рамниот данок беше една огромна грешка. Веројатно најголемата економска грешка од 1991 наваму (заедно со девалвацијата од 1997). Фактор: Со оглед дека се повеќе се зголемува јазот меѓу богатите и сиромашните, што според Вас треба да се направи за да се намали таа нееднаквост? Бранимир Јовановиќ: Ова е одлично прашање, кое бара многу повеќе простор од оној кој го имам овде на располагање. Тони Еткинсон од Оксфорд, кој се смета за таткото на истражувањата за економската нееднаквост, неодамна објави книга од 400 страни, во која нуди бројни предлози за намалување на нееднаквоста во Британија. И покрај ограничениот простор, ќе ги спомнам најосновните мерки. Воведувањето на прогресивенданок е дефинитивно првата работа која треба да се направи. Втората е темелно да се редизајнира системот на социјална заштита, во насока на зголемување на социјалната помош. Конкретно, треба да се воведе гарантиран приход по семејство, со што секое семејство кое остварува приходи пониски од одредено ниво (на пример 6000 денари по член) ќе добива помош од државата до гарантираното ниво. Третата работа е да се направат корекции во пазарниот механизам, во насока на намалување на експлоатацијата. Поточно, да се зголемат работничките права, кои сега се ниски и водат до експлоатација на работничките и работниците, дури и до бројни смртни случаи. Само во 2014 година 42 работнички и работници ги загубиле животите на своите работни места! Паралелно со ова, потребна е и поголема интервенција кај монополските и олигополските пазари, за тие да не ја злоупотребуваат својата пазарна моќ, т.е. за да нема експлоатација на потрошувачите од страна на фирмите (сетете се само на парното греење). Четвртата работа е да се направи реформа на јавниот сектор, во насока на негово трансформирање во сервис на граѓаните, а не сервис на партиите на власт, за да биде даночната реформа полесно прифатена.  

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ КАДЕ ИМА НАЈМАЛА НЕВРАБОТЕНОСТ: Грција ја бие лош глас по тоа прашање

ЕВЕ КАДЕ ИМА НАЈМАЛА НЕВРАБОТЕНОСТ: Грција ја бие лош глас по тоа прашање

НОВИ УСЛОВИ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ ОД 2025 ГОДИНА: Старосната граница повторно се поместува во Србија

НОВИ УСЛОВИ ЗА ПЕНЗИОНИРАЊЕ ОД 2025 ГОДИНА: Старосната граница повторно се поместува во Србија

БИТКОИНОТ НА РЕКОРДНО ВИСОКО НИВО: Златото паѓа по победата на Трамп

БИТКОИНОТ НА РЕКОРДНО ВИСОКО НИВО: Златото паѓа по победата на Трамп

„СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА Е НАМАЛЕНА ЗА САМО 57 ДЕНАРИ“: Тренчевска ја нападна новата кошничка на Владата

„СИНДИКАЛНАТА КОШНИЧКА Е НАМАЛЕНА ЗА САМО 57 ДЕНАРИ“: Тренчевска ја нападна новата кошничка на Владата

ДОЛАРОТ ЗАЈАКНА: Еврото во проблеми поради Германија

ДОЛАРОТ ЗАЈАКНА: Еврото во проблеми поради Германија

ЕВЕ КАКО ЌЕ СЕ ОДРАЗИ ПОБЕДАТА НА ТРАМП ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Професорот Јовановиќ со песимистичка прогноза

ЕВЕ КАКО ЌЕ СЕ ОДРАЗИ ПОБЕДАТА НА ТРАМП ВРЗ МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Професорот Јовановиќ со песимистичка прогноза

РАСТАТ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ: Еве колку ќе имаат пензионерите на сметките следната година

РАСТАТ ГЕРМАНСКИТЕ ПЕНЗИИ: Еве колку ќе имаат пензионерите на сметките следната година

КВАЛИТЕТ ЗА БОГАТИТЕ, ЃУБРЕ ЗА СИРОМАШНИТЕ! Измамата на големите светски прехранбени компании

КВАЛИТЕТ ЗА БОГАТИТЕ, ЃУБРЕ ЗА СИРОМАШНИТЕ! Измамата на големите светски прехранбени компании

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА СИТЕ ШТО РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА - НОВА МИНИМАЛНА СААТНИЦА И ПОВИСОКА ПЛАТА: Новите правила стапуваат на сила од Нова година

ДОБРИ ВЕСТИ ЗА СИТЕ ШТО РАБОТАТ ВО ГЕРМАНИЈА - НОВА МИНИМАЛНА СААТНИЦА И ПОВИСОКА ПЛАТА: Новите правила стапуваат на сила од Нова година