26 Јуни, 2024
0.0307

Инвеститори од Канада заинтересирани за Македонија

Објавено во: Економија 27 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Канадската влада, како одговор на засилената активност на Македонија и партнерите од регионот, се реши финансиски да го помогне економскиот форум на кој ќе се презентираат потенцијалите за инвестирање и водење бизнис во Македонија. Во рамките на новиот циклус активности за информирање и привлекување на канадските инвеститори Македонија ќе организира повеќе презентации и тркалезни маси во Отава, Монтреал, Торонто и Виндзор. Македонскиот Амбасадор Тевдовски на првата презентација на македонските бизнис и инвестициски потенцијали на 26ти февруари во Отава,пред заинтересираните бизнисмени и Македонски иселеници во Канада потсети дека инвестирањето во Македонија значи директен пристап кон слободен пазар од 660 милиони жители. -Македонската амбасада е посебно задоволна што и канадската влада го дели ставот дека нашиот регион е од значаен интерес за канадските бизнисмени и инвеститори. Подолг период, заедно со турските пријатели и други партнери од регионот, ја нагласуваме оваа реалност, но по успешното Роуд шоу на македонскиот владин тим, одлуката на канадската влада да инвестира внимание и ресурси во нашите инвестициски потенцијали представува нов квалитет во економските релации.“- нагласи Амбасадорот. Значајниот интерес на повеќе канадски компании од областа на рударството, инфраструктурата и градежништвото за потенцијалите на Република Македонија беше и главна тема на средбата на македонскиот тим со Питер Хејл, главниот економски аналитичар и заменик директор на престижната Агенција за Промоција на Извозот на Канада (ЕДЦ). Презентација на можностите за инвестирање и водење бизнис во Македонија ќе биде организирана и пред Комората на Виндзор, најголемиот центар на автоиндустријата во Канада. На досега најголемиот економски форум за можностите за инвестирање и развивање бизнис во Југо-источна Европа, финансиски поддржан од Канадското министерство за надворешни работи и меѓународна трговија своја презентација ќе има и директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Висар Фида.  

Можеби ќе ве интересира

Поранешен ПУИК продава станови во Центар, ги има и за 60-тина илјади евра

Поранешен ПУИК продава станови во Центар, ги има и за 60-тина илјади евра

Ангелка Пеева Лауренчиќ во „Бизнис Муабети“: ПР-от врти повеќе пари отколку класичниот маркетинг

Ангелка Пеева Лауренчиќ во „Бизнис Муабети“: ПР-от врти повеќе пари отколку класичниот маркетинг

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Мицкоски: Недостасуваат 40 милиони евра за пензии

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Раст на бројот на купени станови со готовина во Хрватска

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

Азески во Париз панелист на конференција на ОЕЦД

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

НОВ ТИП НА РАБОТНА ВИЗА, НОВА ШАНСА: Германија ги менува правилата и го олеснува процесот за граѓаните кои не се членки на ЕУ

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

ФАКТОР АНАЛИЗА: Профитни маржи над 50 отсто - Кои се и колку заработуваат најпознатите извршители?

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

Вака ли кумановски „Водовод“ го штити интересот на кумановци? Директорот Стојмановски ќе плати до 72.000 евра провизија на снабдувачот со струја!

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра

ЕВТИНИТЕ НЕДВИЖНОСТИ ВО ГРЦИЈА КАКО МАГНЕТ ЗА ТУРИСТИТЕ:Социјалните мрежи полни со огласи - стан на Халкидики за 60.000 евра