09 Јуни, 2024
0.0267

Јавни набавки – доцни исплатата на парите, се фаворизираат фирми.

Објавено во: Економија 18 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава, за периодот од април до јуни 2012 година. Констатирани се, меѓу другите, следниве наоди: - Најголеми проблеми со кои се соочуваат во јавните набавки, според анкетата на фирмите, се доцнењето на институциите со исплата на реализираните набавки, фаворизирачките и нејасни тендерски документации, како и нереално поставените и тешко остварливи критериуми за учество на фирмите на тендерите. - Евидентирани се низа слабости во изборот на елементите според кои државните институции ги евалуираат добиените понуди од фирмите. Фокусот, меѓу другото, наместо на понудите се става на понудувачите со што се загрозува основната цел на тендерите – за потрошените буџетски пари да се добие најдобрата вредност. - Поништувањето на постапките за јавни набавки повторно е во подем. Во мониторираниот примерок од овој квартал поништени се 30% од постапките за јавни набавки. - Иако најавена, законски задолжителната е-аукција не била одржана во 45% од мониторираните постапки. Извештајот од мониторингот во кој, покрај наодите и препораките за надминување на констатираните слабости, се содржани и истражување на 220 фирми и анализа на жалбените постапки. Во јавните набавки на годишно ниво се вртат околу 800 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

ФРАНЦИЈА: Mоментално штедат 85 отсто од граѓаните

ФРАНЦИЈА: Mоментално штедат 85 отсто од граѓаните

ТРГОВСКА РАЗМЕНА: Земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и со Кина

ТРГОВСКА РАЗМЕНА: Земјава најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и со Кина

ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ: Народна банка соопшти колку „тежат“

ДЕВИЗНИ РЕЗЕРВИ: Народна банка соопшти колку „тежат“

МАЛИ ПРИНОСИ ВО СВЕТОТ: Поскапуваат житарките

МАЛИ ПРИНОСИ ВО СВЕТОТ: Поскапуваат житарките

ДОЛАР И ЕВРО: Кој лидер ги нарече „токсични валути“?

ДОЛАР И ЕВРО: Кој лидер ги нарече „токсични валути“?

РУСИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Tриесет земји чекаат членство или партнерство со БРИКС

РУСИЈА Е ЗАДОВОЛНА: Tриесет земји чекаат членство или партнерство со БРИКС

ЗА СУМА ОД САМО 100 ИЛЈАДИ ЕВРА СЕ ПРОДАДЕ ЦЕЛАТА КОМПАНИЈА „ЕЛЕНИЦА“ НА СЕМЕЈСТВОТО ЗАЕВИ - кој ги купи сите акции?

ЗА СУМА ОД САМО 100 ИЛЈАДИ ЕВРА СЕ ПРОДАДЕ ЦЕЛАТА КОМПАНИЈА „ЕЛЕНИЦА“ НА СЕМЕЈСТВОТО ЗАЕВИ - кој ги купи сите акции?

СЕ УВЕЗУВААТ ЕВТИНИ ЈАЈЦА ОД УКРАИНА: Ова ги загрижува Хрватите

СЕ УВЕЗУВААТ ЕВТИНИ ЈАЈЦА ОД УКРАИНА: Ова ги загрижува Хрватите

Галопира инфлацијата во Македонија, голем раст на цените во малопродажбата во мај

Галопира инфлацијата во Македонија, голем раст на цените во малопродажбата во мај