01 Јануари, 2025
0.0297

Ќе се гради нов блок на универзитетските клиники Скопје

Објавено во: Македонија 22 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Министерот за здравство Никола Тодоров и директорот на реномираната компанија Арен С.Р.Л. од Торино, Давиде Савоини денеска потпишаа Договор за изготвување архитектонско-урбанистички проект со идеен проект и основен проект за изградба на нов блок на универзитетските клиники Скопје, со функционално поврзување на клиниките за гинекологија и за онкологија и радиотерапија, како и реновирање на хирушките клиники во комплексот универзитетски клиники „Мајка Тереза“. Вредноста на договорот изнесува над 99,6 милиони денари односно над 1,6 милиони евра.

- По спроведувањето на двете фази од ограничената постапка и реализираната електронска аукција со негативно наддавање, за најповолен понудувач е избран економскиот оператор Арен С.Р.Л. од Торино, како лидер на групата економски оператори која конкурираше  на овој тендер. Останатите партнери од групата-Прототип и Инпума од Скопје се фирмите од Македонија кои ќе им дадат поддршка на клучните експерти од Арен – Италија  кои ќе го изработуваат проектот, истакна Тодоров.

Изработката на проектот, посочи тој, ќе трае девет месеци по што Министерството ќе добие  проект за изградба на нов блок во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје со површина од околу 50.000 м2.

- Проектантската фирма Арен, која ќе го проектира новиот клинички блок е со богато искуство во изработка проекти за здравствени објекти, согласно најсовремените европски практики и стандарди кои ќе бидат применети и на овој капитален проект. Експертите кои ги понуди оваа компанија се со исклучително богато искуство во проектирање на здравствени објекти поради што веруваме дека проектот ќе биде навремено и квалитетно изработен и дека со негова примена при изградбата, Македонија ќе добие функционален, современ, енергетски ефикасен здравствен објект, рече Тодоров.

Тој додаде дека во рамки на новиот клинички блок ќе влезат поголем дел од универзитетските клиники, освен неколку кои се понови и кои ќе добијат поврзување или „топол премин“, така што сите клиники, освен три кои по природа не треба да бидат во еден објект, ќе бидат сместени во поголем објект.

Новиот клинички блок сообраќајно ќе биде решен со две катни гаражи со што ќе се реши на подолг рок сообраќајниот метеж. Новина е што нема да има влез со коли внатре во клиничкиот блок, освен за ургентни случаи. Хелиодромот ќе биде сместен на едната катна гаража. Објектот ќе биде со најсовремени системи за греење, ладење, климатизација, со пневматски систем за разнесување на документи и лекарства, пациентите нема да шетат од една до друга клиника, се ќе се концентрира во еден објект, кој ќе биде централно поставен и ќе може своите функции да ги понуди на другите објекти-гинекологија, онкологија и хирургија, ќе се следи општиот тренд на намалување на просечните должини на престој во болниците. Целната стапка на зафатеност на болнички кревети е 80-процентна искористеност, болничките соби ќе бидат еднокреветни и двоктреветни и ќе бидат оформени модуларни и унифицирани одделенија, а клиничките служби за поддршка и дијагностика ќе бидат сместени во рамките на еден единствен објект.

Савоини рече дека компанијата со оваа проблематика се занимава повеќе од 30 години.

- Наша цел е да изготвиме што е можно подобар проект кој ќе одговара на барањата на Министерството, на народот и на потребите на целиот регион. Ќе работиме напорно и ќе го употребиме целото наше знаење за да ја оформиме оваа здравствена структура за доброто на сите и за подобрување на здравствената заштита, додаде Савоини.

Позначајни објекти кои се изградени според проекти на компанијата се: болниците во Касино Италија од 34.440м2, во Фрозиноне Италија од 32.750м2, во Вицоло Италија од 52.960м2, Универзитетски болнички центар во Тирана од 106.250м2 и други.

Можеби ќе ве интересира

Кога се сака, се може: Од денеска кавадарчани на скијање на Кожуф

Кога се сака, се може: Од денеска кавадарчани на скијање на Кожуф

Првото бебе во 2025 се роди една минута по полноќ

Првото бебе во 2025 се роди една минута по полноќ

Од денеска само со нови возачки дозволи и регистарски таблички

Од денеска само со нови возачки дозволи и регистарски таблички

Тинејџер се стекна со траен инвалидитет по пукната петарда на новогодишната ноќ

Тинејџер се стекна со траен инвалидитет по пукната петарда на новогодишната ноќ

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За 2025 година политичарите ветија подобар живот за граѓаните

ФАКТОР НА ДЕНОТ: За 2025 година политичарите ветија подобар живот за граѓаните

ПО ПОВОД НОВА ГОДИНА: Сиљановска-Давкова помилува 7 лица

ПО ПОВОД НОВА ГОДИНА: Сиљановска-Давкова помилува 7 лица

МЛАДИ ХЕРОИ: Ученици од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија човечки живот

МЛАДИ ХЕРОИ: Ученици од штипското училиште „Тошо Арсов“ спасија човечки живот

ОБЕЗБЕДЕНА НАФТА ЗА ЈСП, ДО КРАЈ НА ДЕНОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА АВТОБУСИ - продолжен мандатот на директорот

ОБЕЗБЕДЕНА НАФТА ЗА ЈСП, ДО КРАЈ НА ДЕНОТ ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ БРОЈОТ НА АВТОБУСИ - продолжен мандатот на директорот

Мицкоски: На Груби и Ковачевски тежок ќе им биде животот како бегалци

Мицкоски: На Груби и Ковачевски тежок ќе им биде животот како бегалци