10 Мај, 2024
0.0283

Кејт Брнз: Бугарското вето предизвика сомнеж кај граѓаните во кредибилитетот на ЕУ, спорот мора да се решава билатерално

Објавено во: Македонија 20 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Aмериканската амбасадорка во Скопје Кејт Брнз, во синоќешното гостување во емисијата на Канал 5, „Само интервју“ посочи дека САД се разочарани поради одлуката на Бугарија за вето на почетокот на преговорите со Европската Унија. Таа истовремено нагласи дека  до решение мора да се дојде преку билатерален дијалог.

-Процесот кон ЕУ и сите билатерални прашања треба да се решат надвор од пристапните преговори. Ние го гледаме како позитивен знак тоа што Севрна Македонија и Бугарија продолжуваат да расправаат за билатералните прашања, да се стават надвор од процесот, со цел напредок во тој поглед, истакна американската амбасадорка во емисијата.

Брнз смета дека актуелната позиција на Бугарија кон Македонија нанесува штета на повеќе нивоа, но главно е тоа дека предизвика и сомнеж кај граѓаните во кредибилитетот на ЕУ и нејзината посветеност кон проширувањето.

-Мислам дека тоа ја отвори вратата за дезинформации. Затоа е важно тоа да не се дозволи. Поважно е да се има на ум дека, што и да се случи, најважните односи за земјава се со ЕУ и со НАТО и ништо нема да ги замени, истакна Брнз.

Сепак, како што нагласи, има доверба во владата дека ќе успее да дојде до договор со Бугарија.

-Северна Македонија има докази дека се справувала со спорни прашања со соседите и ги разрешувала конструктивно, па и понатаму ќе се залагаме, ќе се бориме и ќе ја поддржуваме Северна Македонија да ги започне преговорите и билатералните прашања да останат надвор од преговорите, рече Брнз.


Можеби ќе ве интересира

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

По една година пронајдено лицето што го запали мостот Беласица

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

ВАНКОВСКА ЗА ЧЕСТИТКАТА НА ЗЕЛЕНСКИ ДО ДАВКОВА: „Немојте после дека не сум предупредила јавно - почело је почело“

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

СЕ ОГЛАСИ И ФИЛИПЧЕ: Ќе продолжел да работи како член на СДСМ

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

ПОРТПАРОЛОТ НА ВМРО, ГО ПОЗДРАВИ АХМЕТИ ЈАДЕЈЌИ БИСКВИТА: „Поздрав Али“

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

Силјановска Давкова доби честитка од Зеленски

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

МИЛОШОСКИ РАСПАЛИ ЗА ФЕЈСБУК СТАТУСОТ НА ТРЕНЧЕВСКА: Она кога другар(к)ите не ти ги соопштуваат изборните резултати, за да те заштитат од стрес и анксиозност

Катимерини: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да не прави трикови вон договорот од Преспа

Катимерини: Новата влада на ВМРО-ДПМНЕ да не прави трикови вон договорот од Преспа

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

„ОД ВД ПРЕМИЕР ШТО ГИ ГАСИ СИТЕ СЕМАФОРИ И ПРАВИ ХАОС НИЗ ГРАДОТ, НЕ Е ОЧЕКУВАНО ДА ГИ ЗНАЕ ОБВРСКИТЕ“: остра реакција од град Скопје

СИЛНА ПОРАКА НА ФЕЈСБУК ОД ЌЕРКАТА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА - желби за просперитет, слога и соживот

СИЛНА ПОРАКА НА ФЕЈСБУК ОД ЌЕРКАТА НА ГОРДАНА СИЛЈАНОВСКА - желби за просперитет, слога и соживот