Киев: Избори на истокот од Украина – незаконско одземање на власта?

Објавено во: Свет 02 Ноември, 2014 11:45
Украинските власти денеска соопштија дека ќе покренат крвична истрага поради пртседателските и парламентарните избори кои денеска се одржуваат во оластите на Доњецк и Луганск на истокот од Украина, нарекувајќи ги овие избори „незаконско одземање на власта“.
„Одржувањето на таканаречените избори на 2 ноември се во спротивност со Уставото и претставуваат одземање на власта. Покрената е кривична истрага“, наведува Украинската служба за безбедност во соопштението кое го пренесува АФП.
Во областите на Доњецк и Луганск во источна Украина утрово почнаа претседателски и парламентарни избори и покрај несогласувањата на Киев, Европската унија и Обединетите нации, а изборите ги поддржа само официјална Москва.
Избирачките места се отворени во осум часот по московско време, односно шест по средноевропско, а ќе бидат затворени во 20 часот (18 по средноевропско време) .
Можеби ќе ве интересира
МАРИН ЛЕ ПЕН ВИНОВНА! Францускиот суд ја осуди за проневера лидерката на екстремната десница
„ИЗБОРОТ НА НОВ ЛИДЕР БИ ЗНАЧЕЛ ДЕКА НЕМА ДА ПОСТИГНЕМЕ ДОГОВОР ДОЛГО ВРЕМЕ“: Трамп лут на Путин

СЕ СЛУЧИ ЧУДО ВО МЈАНМАР - жена извлечена од урнатините 60 часа по разорниот земјотрес, видеото е потресно!

НИЛСЕН ГО „ОТКАЧИ“ ТРАМП: САД нема да го добијат Гренланд

Маж по 40 часа извлечен жив од разурната зграда по катастрофалниот земјотрес во Мјанмар

Финскиот претседател без најава во јавноста го посети Трам за да разговараат за мразокршачи

Протести против политиките на Маск пред продажни салони на „Тесла“ во САД и Европа

Бугарката која го измами британскиот социјален систем за 52 милиони фунти ќе може на лето да си ги види децата дома

САМО ЕДЕН ДЕН ПО РАЗОРНИОТ ЗЕМЈОТРЕС, ВОЈСКАТА ГО УБИВА СОПСТВЕНОТО НАСЕЛЕНИЕ ВО МЈАНМАР: Бројот на загинати надмина 1.600, а прогнозите се уште поцрни
