Киев: Избори на истокот од Украина – незаконско одземање на власта?

Објавено во: Свет 02 Ноември, 2014 11:45
Украинските власти денеска соопштија дека ќе покренат крвична истрага поради пртседателските и парламентарните избори кои денеска се одржуваат во оластите на Доњецк и Луганск на истокот од Украина, нарекувајќи ги овие избори „незаконско одземање на власта“.
„Одржувањето на таканаречените избори на 2 ноември се во спротивност со Уставото и претставуваат одземање на власта. Покрената е кривична истрага“, наведува Украинската служба за безбедност во соопштението кое го пренесува АФП.
Во областите на Доњецк и Луганск во источна Украина утрово почнаа претседателски и парламентарни избори и покрај несогласувањата на Киев, Европската унија и Обединетите нации, а изборите ги поддржа само официјална Москва.
Избирачките места се отворени во осум часот по московско време, односно шест по средноевропско, а ќе бидат затворени во 20 часот (18 по средноевропско време) .
Можеби ќе ве интересира
НАДВОР ОД ПРОЦЕДУРИТЕ: Истражување покажа дека руски олигарси добиле српски државјанства

(ВИДЕО) ДОСЕГА ПОТВРДЕНИ ЧЕТИРИ ЖРТВИ: Се трага по 11 луѓе откако падна кабина од жичница во Италија

(ВИДЕО) ЖИЧНИЦА ПАДНА ВО ИТАЛИЈА: Неколку луѓе останаа во воздух и чекаат помош

ПРЕДЛОГ ОД ПРОПАГАНДИСТОТ НА ЛУКАШЕНКО: Дел од Полска да се спои со Белорусија

(ВИДЕО) ЗАТВОРЕНИ УЧИЛИШТА И ПАТИШТА: Дождовите направија проблеми во Италија и Швајцарија

БРОД СЕ ЗАПАЛИ И СЕ ПРЕВРТЕ ВО КОНГО: Загинаа најмалку 50 луѓе, спасувачите трагаат по исчезнати

ПЛАНИРАЛЕ ДА ЈА КРЕНАТ ВО ВОЗДУХ ЗГРАДАТА НА ПОЛИЦИЈАТА: Украина уапси руски шпиони

АКО НАТО ЈА НАПАДНЕ РУСИЈА: Руски разузнавач откри како ќе одговорат
