КИНА ДО ВАШИНГТОН: Не мешајте се во нашите внатрешни работи
Објавено во: Свет 19 Јуни, 2016
Кинескиот шеф на диполматија Ванг Ји му порачал на државниот секретар на САД Џон Кери дека САД не би требале да се мешаат во внатрешните работи на Кина поврзани со Тибет.
Ројтерс пренесува дека ваквиот извештај за вчерашниот разговор e објавен на сајтот на кинеското министерство, а во извештајот стои и дека Кери повторно рекол дека нема промени во американската политика чиј став е дека Тибет е дел од Кина и дека САД не ја поддржуваат независноста на Тајван.
Агенцијата наведува дека телефонски повик следел откако американскиот претседател Барак Обама минатата недела се сретнал во Белата куќа со избеганиот тибетски духовен водач Далај Лама, и покрај предупредувањето на Кина дека тоа ќе ги наруши дипломатските односи.
Ројтерс наведува дека Кина во Далај Лама гледа опасен сепаратист, а неговиот состанок со Обама се случил во време на веќе зголемена напнатост помеѓу САД и Кина поради кинеските територијални барања во источна Азија.