Лагард: Властите во Обединетото Кралство и Европа да соработуваат
Објавено во: Свет 25 Јуни, 2016
Директорката на Меѓународниот монетарен фонд, Кристин Лагард порача на властите во Обединетото Кралство и Европа да соработуваат за да полесно да преминат на новото ниво на економски односи.
Лагард вели дека ја земале в превид одлуката на народот од Обединетото Кралство. Таа кажа дека ММФ силно ја поддржува посветеноста на Банката на Англија и Европската централна банка да обезбедат доволно ликвидност на банкарскиот систем, за да можат да ја ублажат финансиската нестабилност.
„Апелираме до властите во Обединетото Кралство и Европа да соработуваат со цел да се обезбеди непречен премин на новите економски односи, вклучувајќи и разрешување на процедурите и пошироките цели кои ќе го водат процесот. Ние ќе продолжиме внимателно да го следиме развојот на случувањата и подготвени сме да ги поддржиме членовите доколку тоа биде потребно“- смета Лагард.
Дел од ММФ се 189 земји од светот.