01 Јули, 2024
0.1354

МАКЕДОНИЈА: На петто место по смртност од загаден воздух!

Објавено во: Економија 09 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Тетово и скопската населба Лисиче, рушат рекорди во загаден воздух. Мерните станици, во Тетово во текот на вчерашниот ден покажуваа дека воздухот е загаден 17 пати повеќе од дозволеното, додека во Лисиче воздухот е загаден 10 пати повеќе од дозволеното. Односно, канцерогените ПМ 10 честички во Тетово стигнуваа до 850 микрограми на метар кубен, додека во Лисче стигнуваа до 550 микрограми на метар кубен. Но, иако во другите делови од Скопје и во другите градови во земјава загадувањето беше помало од Тетово и скопската населба Лисиче, сепак мерните станици покажуваа високо ниво на загаденост и во Битола, како и скопските населби Карпош и Гази Баба. Токму поради состојбата за која подолго време алармираат граѓаните и граѓанските здруженија се огласија од партијата ДОМ. Бараат да Владата да прогласи вонредна состојба и да се справи со ситуацијата. „Партијата ДОМ бара, Владата итно за момент да ја остави предизборната кампања, да погледне на мерните инструменти за воздухот, да се распраша за бројот на заболени од респираторни и кардиоваскуларни болести и да прогласи вонредна состојба со загадувањето. Ова е потег што Владата треба да го направи, а не одговорноста да ја префрла на локалните самоуправи. Македонските градови низ цела земја се нападнати од црн смог, од Битола, Кавадарци, Кичево, до Тетово и Скопје,“ реагираа од ДОМ. И државната ревизија констатираше дека државата не прави доволно за да се реши проблемот со загдувањето. Во ревизорскиот извептај за работењето на Министерството за животна средина во 2013-та, ревизорите утврдиле дека не се превземени доволно активности за обезбедување извештаи од сите потенцијални загадувачи. Програмата за инвестирање во животната средина за лани предвидувала средства во висина од 2 милиони евра. „Во содржината на програмата не се предвидени парични средства за финасирање активности за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот, изградба на депонии за отпад, преработка и селектирање на отпадот“, е наведено во изветајот на ревозорот. И додека граѓаните се гушат, политичките партии се препукуваат за тоа кој и што направил. Но, решение на проблемот нема. За опозициската СДСМ, причините за загадениот воздух е тоа што нема инвестиции за заштита на животната средина, не е спроведената гасификација, се намали еколошкиот стандард при увоз на стари моторни возила, но и лошото урбанистичко планирање, непочитувањето на стандардите за градење, уништените зелени површини, исечените дрвја. Ако на сето ова ги додадеме и индустриските капацитети, но и употребата на јаглен, дрва, нафта за затоплување, доаѓаме до постојната ситуација, а тоа е концентрации на ПМ10 честичките зголемени за 10 до 15 пати повеќе од максимално дозволените, посочуваат од СДСМ. „Годишно во Македонија има 1.350 смртни случаи предизвикани од болести на дишните патишта поради штетните и канцерогени честички во загадениот воздух, според Светска Банка. И после сите фрапантни податоци за бројот на смртни случаи како резултат на загадениот воздух, власта на Никола Груевски ниту реализира, ниту има во план ефикасни мерки за спречување на загадувањето. Колку и да сака да ја оттргне од себе вината за екстремно загадениот воздух, тоа нема да и успее. Граѓаните знаат дека загадувањето е последица на погрешните политики на власта на централно и на локално ниво. Груевски потроши 630 милиони евра за споменици а проблемот со загадувањето не е решен, “ реагираа од СДСМ. На ова од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека за справување со овој проблем владејачката партија досега превзела серија конкретни чекори, и дека и натаму се превземаат мерки за да се намали загденоста на воздухот. „Владата на ВМРО-ДПМНЕ го спроведе законот сите индустриски капацитети да ги осовременат своите технологии до 1-ви април 2014 година.Оваа влада и градоначалникот Трајановски изградија и проширија булевари во Скопје за побрз проток на сообраќајот. Оваа влада набави преку 300 нови автобуси кои 40 години не беа променети. Оваа влада направи проект за гасификација на цела Македонија и целосна гасификација на Скопје за што владата на СДСМ ниту размислуваше, па немаше изработено ниту проектна документација. Градоначалникот Трајановски прави проект за велосипедски патеки во должина од 50 километри. Се набавија електрични возила и мотоцикли. Се формираше комитет за здравје и животна средина. Се заменија котлите за греење на гас во Клинички центар и други здравствени домови и во поголем број училишта. Во моментов се реализира проект за осовременување на лабораторијата за воздух и Министерството за здравство набави уште две мобилни мерни станици. Акредитирана е и лабораторијата на универзитетот во Штип која ја мери и концентрацијата на ПМ честичките. Се распиша тендер за набавка на резервните делови на станиците. Се изработи и стратегија за животна средина и здравје со акциски план која е поддржана од Светската Здравствена Организација“, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. А во меѓувреме Светската банка ја рангираше Македонија на петто место по смртност од загаден воздух.

Можеби ќе ве интересира

„СЛЕДНАТА СВЕТСКА ЕКОНОМСКА КРИЗА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО 2026 И ЌЕ БИДЕ НАЈЛОША ВО ИСТОРИЈАТА“: Британскиот економист Фред Харисон со ново предупредување

„СЛЕДНАТА СВЕТСКА ЕКОНОМСКА КРИЗА ЌЕ СЕ СЛУЧИ ВО 2026 И ЌЕ БИДЕ НАЈЛОША ВО ИСТОРИЈАТА“: Британскиот економист Фред Харисон со ново предупредување

ПОВТОРНО ПОСКАПУВА ЦРНОТО ЗЛАТО - цената на нафтата порасна за 6 отсто на месечна основа

ПОВТОРНО ПОСКАПУВА ЦРНОТО ЗЛАТО - цената на нафтата порасна за 6 отсто на месечна основа

Стопанската комора организира бизнис дружење со најуспешните членки

Стопанската комора организира бизнис дружење со најуспешните членки

Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава

Осигурителните компании донесоа економска стабилност и сигурност во земјава

Вреди да се штеди ама и кој вложува – добива! Кој ги израдува своите акционери со 36,6 милиони евра дивиденда?

Вреди да се штеди ама и кој вложува – добива! Кој ги израдува своите акционери со 36,6 милиони евра дивиденда?

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

Косовска компанија завладеа со пазарот со млазно гориво во Македонија

БУГАРИЈА УШТЕ СЕ НАДЕВА НА ЕВРОТО: Во ЕУ е 17 години, зошто уште не ја воведе европската валута?

БУГАРИЈА УШТЕ СЕ НАДЕВА НА ЕВРОТО: Во ЕУ е 17 години, зошто уште не ја воведе европската валута?

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ЗА РАЗВОЈ НА ОПШТИНИТЕ: Мицкоски објави нов финансиски план за 250 милиони евра

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?

ГЕРМАНИЈА: За колку се зголемил бројот на невработени?