02 Јуни, 2024
0.0307

„Македонски железници“ ќе бираат меѓу швајцарски и кинески нови возови

Објавено во: Македонија 18 Април, 2014

Добивај вести на Viber

Две компании се во трка на тендерот за набавка на новите патнички возови на Македонски железници, објави телевизија Алфа. Според документите до кои дошла телевизијата, „Македонски железници“ ќе избираат меѓу понудите на Штадлер Буснанг АГ од Швајцарија и ЦСР Корпорејшан Лимитед од Кина за набавка на четири дизел и две електрични композиции за патнички сообраќај. Швајцарската понуда чини 25.498.000 евра, додека кинеската е пониска за 510.000 евра. И двете компании доставиле банкарски гаранции од еден милион евра. Од Министерството за транспорт и врски не сакаат да коментираат дали ова се понудите додека целосно не заврши постапката. „Во тек е проценката на понудите и по извршениот избор ќе се пристапи кон склучување на договор со најповолниот понудувач... Испораката се очекува во рок од една година од потпишување на договорот“, велат од Министерството за Алфа. Македонската Влада обезбеди 25 милиони евра за набавка на новите патнички возови преку кредит од Европската банка за обнова и развој. Според тендерот, гарнитурите треба да ги исполнуваат највисоките европски безбедносни и технички стандарди, да бидат целосно климатизирани и енергетски ефикасни. Секоја гарнитурите ќе има капацитет од по 200 патници со што би се покриле 60% од моменталните линии на МЖ Транспорт, додека за останатите 40% ќе продолжат да се користат неодамна репарираните 10 класични патнички вагони и две дизел гарнитури. „Македонски железници“ веќе склучија договор за набавка и на 150 товарни вагони – 75 отворени и 75 затворени од словачки ЖОС Трнава за 13.2 милиони евра.  

Можеби ќе ве интересира

Мечките повторно се симнаа во селата на Маврово и Ростуше

Мечките повторно се симнаа во селата на Маврово и Ростуше

Се огласи Манолева: Имаме привремено решение за хируршките сали

Се огласи Манолева: Имаме привремено решение за хируршките сали

Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите, да не бара функција од СДСМ

Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите, да не бара функција од СДСМ

Али Ахмети објави декларација против „моноетничко владеење“

Али Ахмети објави декларација против „моноетничко владеење“

Талат Џафери и министерот Демири ќе земат по две плати

Талат Џафери и министерот Демири ќе земат по две плати

Се апси низ Македонија за кражби на струја

Се апси низ Македонија за кражби на струја

Мицoтакис: Мицкоски да користи „Северна Македонија“ за внатрешна употреба

Мицoтакис: Мицкоски да користи „Северна Македонија“ за внатрешна употреба

Убиство во тетовско Боговиње: Дошол со БМВ и го застрелал во хотел

Убиство во тетовско Боговиње: Дошол со БМВ и го застрелал во хотел

Повторно протекоа одговорени прашања од државната матура

Повторно протекоа одговорени прашања од државната матура