Мари Ле Пен: ЕУ пука и се распаѓа!
Објавено во: Свет 22 Јуни, 2016
Мари Ле Пен од францускиот екстремнодесничарски Национален фронт, ја нарече Европската унија „тоталитарна" и побара референдум за членството на секоја земја како оној кој претстои утре во Велика Британија, пренесе Франс прес.
Ле Пен себе си се смета за „бранител на слободата на народите да располагаат со својата судбина и да избираат своите закони“.
„Она што сакам е референдум во Франција. Секоја страна треба да може да се произнесе со референдум. Французите не се прашани 11 години, а последниот пат нивниот збор беше погазен од традиционалните левичарски и десничарски партии“ - изјави Ле Пен мислејќи на референдумот во 2005 година за Договорот за европскиот Устав.
Каков и да е резултатот во четвртокот, Европската унија се распаѓа, додава таа и вели дека ако била Британка, ќе гласа за Brexit.
Според неа, Европа има отворени граници низ кои минуваат шверцери, терористи и економски имигранти.