12 Јуни, 2024
0.0249

Министерство за економија прави анализа за промена на временската зона. Одиме еден час понапред ?!

Објавено во: Мои пари 29 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Министерство за економија во соработка со МАНУ, Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, Стопанските комори и Бирото за метрологија, подготвува анализа која треба да ги покаже предностите и слабостите од можното поместувањето на времето во Македонија, односно усогласување на временската зона со Грција и Бугарија. Според информациите на Фактор, Министерството за економија до 1 јули годинава треба да достави целосна Информација во Владата со сите анализи од институциите од кои се бара мислење за Македонија да ја промени временската зона. Министерството за економија веќе неколку месеци активно работи на подготовка на  анализа за тоа дали Македонија треба да ја промени временската зона и да оди еден час понапред. „Ако ја промениме временската зона и одиме еден час понапред, во зоната со Бугарија, Грција, Турција, Романија, тогаш сегашното работното време од 8 до 16 часот, кое го во принцип го имаме, ќе биде како сега да одиме на работа  од 7 до 15 часот.“ Според сознанијата на Фактор, се прават анализи се прибираат мислења од повеќе сектори. Еден од клучните сектори  за кои се бара посебно мислење е транспортниот сектор бидејќи според ставовите на Стопанските комори во земјава, активностите на транспортерите се одвиваат со склучување на годишни договори каде што токму времето ги дефинира обврските од договорите за навремено транспортирање на стоката во европските земји кои во најголем број се во иста часовна зона со нас. Тоа повлекува менување на документација, добивање дозволи за транспорт, времето на чекање на граничките премини  и повлекување на реперкусии  од можни финансиски импликации. За подготовка на анализата неопходно е и мислење од енергетскиот сектор во однос на искористеност на енергетските ресурси и капацитети во домаќинствата и во индустријата, за да се види какви енергетските ефекти може да се очекуваат од таквиот потег. Но, од консултациите не се изоставени ниту банкарскиот сектор, фондовите и ИТ секторот. Сметањето на времето е регулирано со закон Сметањето на времето е регулирано со закон, што е донесен во 1996 година. Во првиот член на законот се вели дека Македонија се сместува во средноевропската временска зона. Тоа значи и дека доколку се прави промена на временската зона тоа би било политичка работа, односно Владата, ќе треба да предложи измени на постоечкиот закон, а Собранието ќе треба да ги изгласа. Во која временска зона е Република Македонија Македонија е во часовната зона UTC+1,  односно во средно европско време. Во однос на летното сметање на времето земјава го следи примерот на ЕУ, па така во летниот период времето во Македонија е UTC+2. Според географската поставеност на Македонија,  теоретската поделба на часовните зони (15 степени ширина и почеток на Greenish меридијанот), најголем дел од територијата се наоѓа во средно-европската часовна зона. Единствено делот на Малешевијата и Струмичкото поле се наоѓа источно од 22,5 степени источна географска должина, односно во источно-европската зона. „Од вкупно 27 земји членки на ЕУ, 11 земји не го практикуваат средно европското време. Од тие 11 земји, 8 земји го практикуваат источно европското време. Во источно европското време е Република Турција, а иницијатива за времето постои и во Република Србија.“ Голем број на држави не го сметаат времето според географската позиција. Гледано по континенти, такви држави се: Европа (Франција, Шпанија, Португалија, Белгија, Холандија, Луксембург);  Северна и Јужна Америка (Аргентина, Уругвај, Чиле, Мексико, Алјаска). Самоа ја смени временската зона во 2011 година Последен пример на промена на временската зона го направи државата Самоа, која се наоѓа во Тихи Океан. Властите во оваа држава непосредно пред дочекот на 2011 година решија да преминат  од четврток во сабота. Па така наместо држава каде што датумите завршуваа, стана местото од каде што датумите почнуваат. Причината за промената на временската зона,  властите на Самоа ја објаснуваа со економска аргументи – односно поради комуникацијата со главните трговски партнери Австралија и Нов Зеланд, зад кои порано доцнеше повеќе од  20 часа, а сега е 3 часа пред нив. Ј.Ј.

Можеби ќе ве интересира

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“

Мукаетов – панелист на конференцијата „Чувари на мудроста“ во организација на „Халк банка“

Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb ја промовираа новата песна „Место“

Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb ја промовираа новата песна „Место“

Трендови на плаќање: Безготовинските плаќања се зголемени за 30%, значителен пораст на токенизираните трансакции

Трендови на плаќање: Безготовинските плаќања се зголемени за 30%, значителен пораст на токенизираните трансакции

Експозитурата на Шпаркасе Банка вo општина Аеродром на нова адреса

Експозитурата на Шпаркасе Банка вo општина Аеродром на нова адреса

Halk EZ пакетот за млади на Халкбанк прилагоден на нивниот стил и животни навики

Halk EZ пакетот за млади на Халкбанк прилагоден на нивниот стил и животни навики

Динерс Клуб Македонија – првата финансиска институција во Македонија со одобрение за извршување платежни трансакции со платежни картички при Народната банка

Динерс Клуб Македонија – првата финансиска институција во Македонија со одобрение за извршување платежни трансакции со платежни картички при Народната банка

Бидете „најдобар стрелец“ за време на спортското лето со 8K на Samsung

Бидете „најдобар стрелец“ за време на спортското лето со 8K на Samsung

„Земи здив, нурни во добра книга“ со попусти до 60 отсто на книгите од „Арс Ламина“

„Земи здив, нурни во добра книга“ со попусти до 60 отсто на книгите од „Арс Ламина“

ВИДЕОЛОТАРИЈА ВО МАЈ ИСПЛАТИ ФАНТАСТИЧНИ 55.438.018,00 ДЕНАРИ КАЈ ИГРАЧИТЕ

ВИДЕОЛОТАРИЈА ВО МАЈ ИСПЛАТИ ФАНТАСТИЧНИ 55.438.018,00 ДЕНАРИ КАЈ ИГРАЧИТЕ