Над 100.000 луѓе евакуирани на Бали
Објавено во: Свет 28 Ноември, 2017
Над 100.000 луѓе се евакуирани во близина на вулканот Агун пред ерупцијата.
Повеќе од 60.000 туристи се „заробени“ на островот. Илјадници жители веќе ги напуштија своите домови, но потребна е итна евакуација на уште на неколку загрозени подрачја.
„Надлежните ќе продолжат со потрагата и во останатите населени места кои се во опасност и доколку е потребно ќе ги принудат жителите да се евакуираат. Од 25 ноември граѓаните се замолени да одат на евакуациски пост“- вели Сутопо Јвоно – портпарол на Агенцијата за катастрофа.
Вулканот започна да се буди по повеќе од половина век. Пепелта, која од минатата недела почна да се испушта од небото по планината Агунг во источниот дел на Бали, достига повеќе од четири илјади метри височина. Главниот аеродром веќе два дена е затворен, а илјадници летови се откажани.
Властите во земјата предупредуваат дека ерупцијата на вулканот е неминовна и може да се случи во секој момент. Вулканот во Бали последен пат се активира пред повеќе од 54 години, а во ерупцијата загинаа повеќе од 1 500 лица.