30 Април, 2024
0.0270

Неколку совети како да го надградите своето знаење без да трошите пари

Објавено во: Мои пари 11 Декември, 2013

Добивај вести на Viber

Доколку сте дел од оние кои секогаш се стремат да научат повеќе и да го надградат своето знаење, ова се неколку одлични и исплатливи начини како да научите повеќе за она што ве интересира. Интернет семинари и форуми Слушањето на онлајн-семинари најчесто е бесплатно, а лесно може да најдете семинар без разлика на вашето поле на интерес. Како да го надградите својот бизнис, како до успешна маркетинг стратегија, влијанието на социјалните мрежи, итн. Сè што треба да направите е да ги пребарувате клучните поими на темата која ве интересира. Некогаш можеби ќе пробаат да ви продадат нешто, но не мора да купувате ништо друго, освен знаењето кое, нели, во овој случај е бесплатно. Исто, на интернет многу лесно може да пребарувате и читате форуми на најразлични теми. Се двоумите за нешто, ви требаат повеќе мислења и слично? Посетувајте различни форуми каде ќе чуете многу размислувања како и предлози и идеи. Семинари Доколку подобро учите кога имате контакт во живо со оној кој зборува, тогаш одлучете се за посета на семинари. Информирајте се дали има и кои се семинарите кои би можеле да ги посетувате бесплатно или кои се поевтини. Може да научите многу, а што е најважно од сè ќе имате можност за интеракција со други личности со кои имате заеднички интереси, како и да создадете многу нови контакти и да го проширите кругот на пријатели. Тренинзи и курсеви Разликата меѓу семинари и курсеви е во тоа што семинарите обично се наменети за поголема група, додека за курсевите обично се формираат помали групи и имате многу поголема интеракција со оној кој предава. Може веднаш да го тестирате она што сте го научиле и да добиете поголемо внимание. Ретко кои курсеви се сосем бесплатни, но ги има. Ако не бесплатни може да најдете поевтини, а најчесто доколку најдете уште неколкумина кои се интересираат за тој курс може да добиете групен попуст. Доколку полесно учите во помали групи со интеракција на повисоко ниво, курсевите се подобра опција за вас. Онлајн-курсеви Не сите онлајн-курсеви се бесплатни, но постојат, па зошто да не ги искористите за надградување на вашите знаења? Особено лесно е да најдете онлајн курсеви за странски јазици, а преку Open culture може да слушате снимени курсеви од познати факултети, на која било тема, бесплатно. Книги Да, читањето книги звучи по малку застарено имајќи ја предвид новата технологија. Но, да не заборавиме дека книгите никогаш нема да излезат од мода. Не само што може да најдете евтини примероци, туку може да ги купите на старо, да ги позајмите, или пак да ги најдете онлајн. Без разлика дали би ви помогнале книги кои ќе ви ги надградат знаењата на професионално ниво, или пак барате книга за самопомош или едноставно мисла или идеја која ќе ви го смени животот, книгите ви нудат што и да ви треба. Плус, сами одлучувате кога ќе читате односно учите и си создавате амбиент што најмногу ви се допаѓа вам.  

Можеби ќе ве интересира

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк