НЕСИГУРНОСТ: 66 милиони Американци немаат пари за „црни денови“
Објавено во: Свет 21 Јуни, 2016
Околу 27% од населението на САД, или 66 милиони луѓе немаат заштеди, кои можат да им требаат при непланирани ситуации, соопшти Bankrate.com.
Граѓаните на возраст меѓу 36 и 51 година се со особено несигурна финансиска состојба.
Истражувањето исто така покажува дека само 28% од Американците имаат пари настрана, со кои би можеле да ги подмират трошоците во текот на шест месеци. Оваа бројка е највисока во последните шест години и бележи голем скок во споредба со минатата година, кога 22% од Американците имаа доволно заштеди, за да можат да преживеат без плата половина година, пишува списанието „Тајм".
Оние кои се на 71 година или повеќе многу е веројатно да имаат заштеди.
Покрај тоа, една студија минатата година покажа дека околу една третина од Американците кои заработуваат најмалку 75 000 долари годишно живеат од плата до плата.