Никнува нова автобуска станица во Прилеп, ќе ја менаџира „Пелагонија бус“
Објавено во: Македонија 21 Ноември, 2012
Општина Прилеп денеска на електронска аукција ја продаде парцелата од 5.300 метри квадратни површина кај железничката станица, на која ќе се гради транспортен центар со нова автобуска станица.
Како купувач се јави Сања Шестакова, која најави дека станицата ќе биде пуштене идната година, а ќе се гради на површина од 500 до 700 метри квадратни, каде што ќе се сместат сите неопходни објекти и простор за автобуската станица. Исто така таа најави дека планираат се категоризират во прва категорија со работно време 24 часа. Автобуската станица ќе ја менаџира фирмата „Пелагонија бус“.„ Имаме искуство кога е во прашање автобускиот сообраќај. Сопственици сме на автобуските во Берово, Штип и Велес. Ќе се гради според стандарди и да се задоволат сите услови пропишани со закон за патен сообраќај“, вели Шестакова.