28 Мај, 2020
0.0281

Нови вицепремиери се Никола Тодоров и Никола Попоски

Објавено во: 30 Јуни, 2016

Министрите за здравство и за надворешни работи, Никола Тодоров и Никола Попоски,  ќе ја извршуваат и функцијата вицепремиер на Владата.

Двајцата и официјално се назначени за заменици на премиерот,  Емил Димитриев, а информацијата е објавена и на интернет-страницата на Владата.

Оваа одлука била донесена на владината седница што се одржа во петокот.

Новото назначување следи по оставката на министерот за финансии, Зоран Ставрески, кој ја извршуваше и функцијата вицепремиер. Тој се повлече поради здравствени причини.