Обама со најголема плата меѓу светските лидери: Колку земаат Путин, Меркел, Оланд?
Објавено во: Свет 16 Ноември, 2016
Доналд Трамп објави пред еден ден дека се откажува од платата на претседател и ќе добива 1 долар. По тој повод францускиот „Еко“ и службата „Статис“ направија листа на платите на светските лидери.
Највисока плата добива американскиот претседател Барак Обама - 400 000 долари.
Втор е канадскиот премиер Џастин Трудо со 260 000 долари.
Третото место е за федералниот канцелар Ангела Меркел со 234 000 долари годишно.
Рускиот претседател Владимир Путин е на деветтото место со 136 илјади долари годишно. Неговотата плата отстапува од таа на лидерите на земјите од Г-8.
Британската премиерка Тереза Меј е петта со 215 000 долари, а јапонскиот премиер Шинзо Абе е шести со 203 000 долари годишна плата.
Францускиот претседател Франсоа Оланд се најде осми на листата со 194 000 долари.
Рускиот лидер Путин го надминува само италијанскиот премиер Матео Ренци кој зема 125 000 долари и е десетти.
Во листата се вклучени и лидери надвор од Г 8.
Претседателот на Јужна Африка е на четвртата позиција со 233 000 долари, а турскиот претседател Реџеп Ердоган е седми со 197 000 долари.
Пред Трамп од плата се откажале претседателите Џон Кенеди и Херберт Хувер. Состојбата на милијардерот Трамп изнесува 3,7 милијарди долари.