01 Јануари, 2025
0.0297

ОД 50 ДЕНАРИ ПА ДО ИЛЈАДА ЕВРА: Парафискалните давачки се сериозен трошок за компаниите, а се уште не се знае колку точно ги има

Објавено во: Економија 14 Јуни, 2023

Добивај вести на Viber

Фирмарината, комуналата такса за користење улици и дозволите за дејност се меѓу бројните парафискални давачки кои компаниите ги сметаат за најголем терет. Притоа највисоки се давачките кон Агенцијата за цивилен воздушен сообраќај и кон Министерстватва за здравство и за финансии.

Анализата која ја изработи Институтот за економски истражувања и политика „Фајненс тинк“ покажува дека најголема оптовареност за повеќе од половина (54 проценти) од компаниите е фирмарината. Висок товар претставува и комуналната такса за користење улици што се плаќа со регистрација на возилата (42 отсто од компаниите). Во првите три кои се најголем товар за компаниите се и дозволите и лиценците за вршење дејност (угостителска дејност во ноќен бар; за оператори на инсталации со интегрирана еколошка Б-дозвола).

Од „Фајненс тинк“ посочуваат дека оптовареност се разликува за различен вид давачка, во зависност од големината на компанијата.

Кај надоместот за фирмарина перцепцијата за изложеност е најголема кај микрокомпаниите, додека најмала е кај големите компании. Тоа може да се должи на обврската и на начинот на кој е изразена цената на фирмарината. Оваа давачка е обврска на сите правни субјекти, а износот е линеарен, без разлика на обемот на приходи, оттука, како трошок, микрокомпаниите имаат поголем товар – се наведува во нивниот бриф.

Економистите од ова здруженија, посочуваат дека слична е состојбата и кај комуналната такса за користење улици што се плаќа со регистрација на возилата, каде што перцепцијата за оптовареност се зголемува со големината на компанијата, но до средни компании, а потоа се намалува кај големите компании.

Спротивно, надоместот за уредување градежно земјиште најсилно го чувствуваат големите компании, а најмалку микрокомпаниите. Има и одредени категории парафискални давачки што се поголеми за одреден тип големина на компании, како што се користење на просторот пред деловни простории, каде оптовареност е неколкукратно поголема кај малите компании, во споредба со другите компании.

Во поглед на цената, 95 проценти од неданочните плаќања и парафискалните давачки се движат меѓу 50 денари и 61.700 денари. Од нив, 50 проценти се меѓу 50 денари и 1.000 денари. Од овој просек значајно отстапување имаат давачките кон Агенцијата за цивилен воздушен сообраќај (просек 200.045 денари), Министерството за здравство (просек 224.375 денари) и Министерството за финансии (просек 591.476 денари).

-  Анализата на парафискални давачки на централно ниво идентификува слабости во поглед на димензионирањето и спроведувањата поврзани со: прекршување на принципот надомест за услуга со доминантна употреба на несразмерно високи такси; такси за општа намена без јасно поврзување со јавна услуга, наплата на двојни такси; ист надомест за различни услуги и за различни субјекти; различен надомест за иста услуга; нетранспарентни давачки изразени во систем заснован на поени – се нагласува во анализата.

Притоа е утврдено дека во 18 општини се идентификувани 408 неданочни давачки, но само 199 се класификувани како парафискални врз основа на критериумите. Најголем број парафискални давачки (83 проценти) како комунални и образовни такси и надомест за уредување градежно земјиште, се пропишани со закон и со одлука на Советот на Општината. Еден процент од парафискалните давачки се пропишани со внатрешен акт, додека 16 проценти се пропишани само врз основа на закон, на пример, административните такси, туристичката такса и еколошката дозвола.

-  За 49 проценти од парафискалната давачка, обврзниците (физички и правни лица) добиваат одредено право што го дава Општината, најчесто поврзано со користење јавен простор (комунална такса) или право на работа (лиценца за угостителска дејност во ноќен клуб, кабаре и диско-клуб и градежна дозвола). Додека за 39 проценти од парафискалните давачки општините обезбедуваат услуга (административни такси и образовни такси), за издавање разни документи и сертификати / дипломи. Но, за 12 проценти од наплатените парафискални давачки општините не даваат ниту право ниту услуга на плаќачите, како што е случајот со надоместот во висина од два процента од премиите за осигурување моторни возила (каско) и осигурување од одговорност од моторни возила или со екодозволата – се нагласува во анализата.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска плаќаме поскапа струја

Од денеска плаќаме поскапа струја

„Газпром“ ја прекина испораката на гас преку Украина

„Газпром“ ја прекина испораката на гас преку Украина

Од денес започнува казнувањето за нефер трговски практики

Од денес започнува казнувањето за нефер трговски практики

НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТУАЛЕН РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: БиХ и Црна Гора се лидери во регионот

НАЈГОЛЕМ ПРОЦЕНТУАЛЕН РАСТ НА МИНИМАЛЕЦОТ: БиХ и Црна Гора се лидери во регионот

АД Пошта предвреме ги отплати кредитите за да заштеди на камати

АД Пошта предвреме ги отплати кредитите за да заштеди на камати

ОВА СЕ ШЕСТЕ НАЈГОЛЕМИ МАРКЕТИНШКИ ГРЕШКИ ВО 2024 ГОДИНА - како големите компнии упаднаа во сопствената замка

ОВА СЕ ШЕСТЕ НАЈГОЛЕМИ МАРКЕТИНШКИ ГРЕШКИ ВО 2024 ГОДИНА - како големите компнии упаднаа во сопствената замка

ГЕРМАНИЈА ОЧЕКУВА НОВ РАСТ НА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО 2025! Како тоа ќе влијае на нашите луѓе кои работат таму?

ГЕРМАНИЈА ОЧЕКУВА НОВ РАСТ НА НЕВРАБОТЕНОСТА ВО 2025! Како тоа ќе влијае на нашите луѓе кои работат таму?

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ИНКАСИРАЛА ДРЖАВАТА ОД ПАТАРИНИ: Голем удел има и Отворен Балкан

ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ ИНКАСИРАЛА ДРЖАВАТА ОД ПАТАРИНИ: Голем удел има и Отворен Балкан

ИНТЕРВЈУ ЉУШЕВ: Го мериме успехот според задоволството на корисниците и технолошкиот напредок

ИНТЕРВЈУ ЉУШЕВ: Го мериме успехот според задоволството на корисниците и технолошкиот напредок