Овој пат светските лидери го истуркаа Доналд Трамп настрана
Објавено во: Свет 09 Јули, 2017
Светските лидери симобилично, но и демонстративно го „истуркаа“ Доналд Трамп на страна кој не се најде во центарот на групната фотка направена по завршување на Г-20 Самитот во Хамбург каде учествуваа најмоќните државници.
За разлика од мај кога Трамп го истурка црногорскиот претседател Вујановиќ за да избие на чело, овој пат се најде сосема на крај, а германската канцеларка Ангела Меркел се позиционираше во средина со што и даде до знак дека сега таа е вистинскиот лидер кој ќе ги предводи најзначајните светски прашања како подобрување на економијата и посветување на борбата со климатските промени.
19-те лидери потпишаа заедничка декларација со која остануваат на договорот од Париз од чие спроведување сосема несфатливо се повлече Доналд Трамп велејќи дека бил штетен за интересите на САД и побара нови преговори кои секако нема да ги добие.