05 Јануари, 2025
0.0286

ПАЃА ИЗВОЗОТ, ПАЃА И ЕКОНОМИЈАТА – Тешко ни се пишува и за следниве месеци, еве што велат економистите

Објавено во: Економија 13 Септември, 2023

Добивај вести на Viber

Повторно лоши вести за домашната економија. Најновите податоци велат дека економскиот раст не се одвива според очекувањата, што е причина економските експерти да ги намалат очекувањата за вкупниот раст на домашната економија.

Институтот за економски анализи „Фајненс тинк“ во последниот Макроекономски монитор ја намали проекцијата за раст на БДП, кој според нив оваа година ќе изнесува само 1,7 отсто, наместо претходно очекуваните 2 проценти, додека пак се очекува поголема инфлација од претходно.

Извршната директорка на „Фајненс тинк“, Благица Петрески за Фактор појаснува дека последните податоци кои се објавени укажуваат дека има големо намалување на побарувачката од странство, што се одразува на намалување на извозот во вториот квартал од годината, но и намалување на увозот кај компаниите кои работат во зоните.

-  Од последните податоци гледаме дека странската побарувачка е значајно ослабена, што се гледа и преку падот на извозот во вториот квартал, но и преку падот на увозот во целото полугодие, што се должи на тоа што фирмите, а главно тие во ТИРЗ, го прилагодуваат обемот на производство според состојбата на пазарот на кој најмногу извезуваат – појаснува Петрески.

Директорката објаснува дека засега прогнозите за глобалниот и европскиот раст остануваат во стагнантната зона, што значи дека забавувањето на економијата ќе биде присутно и кај нас во текот на оваа година.

-  Но, потрошувачката го компензира ова, барем во одредена мера, меѓутоа истовремено крие ризик за смирувањето на цените, и тука мислам дека е потребна особена внимателност на фискалната политика, особено во пресрет на преземените зголемувања на плати и пензии, како и начинот на кон Владата ќе постапи во поглед на барањата од сите страни за пораст на примањата – потенцира Петрески.

Мониторот на „Фајненс тинк“ покажува дека во вториот квартал од годинава, БДП се зголеми за 1,1 отсто на годишна основа, што претставува забавување на економската динамика во однос на претходниот квартал.

Во анализата се појаснува дека иако растот на личната потрошувачка кој достигнува 1,6 отсто е релативно солиден, но забавен, а бруто инвестициите забележуваат помал пад од претходно (-1,2 проценти), забавувањето на вкупната економска активност главно е под влијание на намалувањето на извозната активност (-1,2 отсто).

-  Овој пад е во линија со забавената активност и негативните стапки на раст на економиите од главните трговски партнери. Сепак, секторски, само градежништвото забележа драматичен пад (-21,8 проценти), додека другите сектори растеа со слична или побрза динамика споредено со крајот од претходната и почетокот од годинава. Јавната потрошувачка ја продолжи патеката на консолидација (-2,7 отсто), но буџетскиот дефицит во првото полугодие од годината изнесува 5,8 отсто од БДП, што е над годишната проекција од 4,6 проценти – се посочува во мониторот.

Во анализата се посочува дека во вториот квартал од 2023, инфлацијата забави на 11,2 проценти на годишна основа, од 16,1 отсто во претходниот квартал. Појаснуваат дека забавувањето е водено од спласнувањето на глобалните притисоци кај цените на енергијата и на повеќе групи храна, но со продолжени глобални ризици кај некои примарни производи.

-  Додека, базичната инфлација и понатаму покажува значајна упорност, што налага затегнатост на монетарната политика и внимателност на фискалната политика. Дополнително, одредени домашни ценовни притисоци се се’ уште присутни во сегментот храна како одраз на корпоративни и трговски практики, и налагаат мерки во доменот на политиките за заштита на конкуренцијата. Тенденциите за забавена економска активност, очекувани во претходниот Макро-монитор, веќе се материјализираа во вториот квартал од 2023 и се очекува да опстојат и во следните квартали. Економијата е под значаен ризик од понатамошно забавување. Finance Think ја намалува проекцијата за раст на БДП во 2023 на 1,7отсто (од претходните 2 процент), а проектираниот раст на цените благо се зголемува на 9,7 отсто – се наведува во мониторот на „Фајненс тинк“.

П.О. 

Можеби ќе ве интересира

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ - Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

„НЕ МОЖЕ ГЕРМАНИЈА ДА ОТПУШТА 70.000 РАБОТНИЦИ, А КАЈ НАС СЀ ДА БИДЕ ТАМАН“ - Вучиќ за отказите во автомобилската индустрија во Србија

ОВА И ПОНАТАМУ Е НАЈБАРАНОТО ЗАНИМАЊЕ ВО ХРВАТСКА - нема промени веќе една година

ОВА И ПОНАТАМУ Е НАЈБАРАНОТО ЗАНИМАЊЕ ВО ХРВАТСКА - нема промени веќе една година

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА - од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра

НОВИ ПРАВИЛА ЗА ОНИЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ГРЦИЈА - од оваа година ќе се плаќаат повисоки такси, некаде ќе се движат и до 20 евра

ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ - ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра

ПРОИЗВОДИТЕЛИ, ДОБАВУВАЧИ, ТРГОВЦИ - ВНИМАВАЈТЕ: Дојде времето на казни, нефер трговските практики ќе се казнуваат и до 20 илјади евра

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА НА УДАР: САД ќе воведат сеопфатни санкции за НИС

СРПСКАТА НАФТЕНА ИНДУСТРИЈА НА УДАР: САД ќе воведат сеопфатни санкции за НИС

КОЛКУ ЧИНИ СРЕЌАТА ВО ГЕРМАНИЈА? - според нова студија, еве колку треба да заработувате за да бидете среќни

КОЛКУ ЧИНИ СРЕЌАТА ВО ГЕРМАНИЈА? - според нова студија, еве колку треба да заработувате за да бидете среќни

Андоновски: Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални

Андоновски: Од овој месец печатените електронски документи се признаваат како оригинални

ВО ГЕРМАНИЈА ВО ЈАНУАРИ МИЛИОНИ ГРАЃАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВЕЌЕ ПАРИ - на овие вработени ќе им биде зголемена заработувачката

ВО ГЕРМАНИЈА ВО ЈАНУАРИ МИЛИОНИ ГРАЃАНИ ЌЕ ДОБИЈАТ ПОВЕЌЕ ПАРИ - на овие вработени ќе им биде зголемена заработувачката

НАЈСКАПИ И НАЈЕВТИНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?

НАЈСКАПИ И НАЈЕВТИНИ ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ: Каде е Скопје на листата?